Македонија

Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ е повеќе од апсолутен победник на овие избори – 33 градоначалници во првиот круг и 550 советници во општинските совети

„На овие локални избори ВМРО-ДПМНЕ освои 12 илјади гласови повеќе на советничките листи во однос на локалните избори во 2021 година. Во исто време СДС изгубиле 111 илјади гласови на советничките листи во споредба со 2021 година.“ – нагласи потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Владо Мисајловски.

„ВМРО-ДПМНЕ постигна огромен успех со избраните 33 градоначалници уште во првиот круг, но има огромен успех и со  советничките листи со 550 избрани советници во советите на општините и градот Скопје.“ – посочи Владо Мисајловски.

Тој истакнува: За ВМРО-ДПМНЕ 550 советнички места наспроти 232 за СДС, 153 за ДУИ, 66 за Левица. Ова е доказ дека ВМРО-ДПМНЕ е повеќе од апсолутен победник на овие избори и оти граѓаните јасно покажаа во кој правец сакаат да се движи државата. ВМРО-ДПМНЕ е партија со најмногу советници во 59 општини и во градот Скопје, од кои во најголем дел има апсолутно мнозинство во советите.

„Граѓаните покажаа дека политиките на работа, посветеност и одговорност се политики кои ги преферираат, и политики кои сакаат да продолжат. Граѓаните избраа раст и развој, одговорност и посветеност и чесна работа. Граѓаните избраа вистински луѓе на вистински места. Едновремено ги повикувам граѓаните да ја заокружиме оваа огромна победа во вториот круг од локалните избори во општините каде што има втор круг. Ги повикувам да излезат масовно и да ги поддржат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ со заокружување на бројот 9.“ – порача потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Владо Мисајловски.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

Владата ги испрати Кривичниот законик и законот за кривична постапка во Брисел на мислење

Министерството за правда на Владата на Република Македонија ги достави Нацрт-кривичниот законик и Нацрт-законот за кривичната постапка до Европската комисија за мислење, со што продолжува процесот на сеопфатна реформа на казненото законодавство и негово усогласување со европските стандарди.

Претседателот на Уставниот суд на РМ Костадиновски за политичките притисоци: Не смее да ја диктираат правдата

Наша должност е да им одолееме на политичките притисоци и да ја држиме политиката во рамките на правото – порача денеска во Охрид претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски. Тој оцени дека Уставниот суд е единствената институција што треба да обезбеди политиката и државните органи да ги почитуваат уставните и законските рамки.

ВМРО ДПМНЕ: Скопје има три големи несреќи – Пиколомини, земјотресот во 1963 и СДС!

„Најголеми несреќи кои му се имаат случено на Градот Скопје е палењето од страна на Пиколомини, земјотресот во 1963 и владеењето на СДС во изминатите години: потрошија милионски буџети, а не направија ниту еден проект значаен за граѓаните на Скопје!“ – истакнува ВМРО ДПМНЕ.

To top