Македонија

Македонците ја тужат владата на Еди Рама пред управниот суд во Тирана

Поради одлуката на владата на Рама за отворање три центри за мигранти на територијата на општина Пустец

Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ) денеска поднесла тужба до Управниот суд во Тирана против Владата на Албанија,.

Тужбата е поднесена поради одлуката на владата на Рама за отворање три центри за мигранти на територијата на општина Пустец, општина во која живее македонско национално малцинство.

 

Со тужбата јасно се бара изземање на општина Пустец од државниот план за отворање центри за мигранти, бидејќи одлуката е донесена без консултација со локалната самоуправа, без јавна расправа и без почитување на правата на локалното население.

 

МАЕИ оценува дека оваа одлука претставува директно загрозување на интересите, безбедноста и демографската стабилност на македонската заедница во Општина Пустец и е спротивна на Уставот, законите и меѓународните обврски што Албанија ги има преземено за заштита на националните малцинства.

 

,,Ќе продолжиме со правна и институционална борба сè додека не се заштитат правата и достоинството на македонската заедница”, велат од МАЕИ.

Најнови вести од: Македонија

Стопанската комора добитник на меѓународна награда за општествена одржливост

Иницијативата на Стопанската комора на Македонија за унапредување на декарбонизацијата и корпоративната одржливост е меѓу трите највисоко оценети иницијативи од целиот свет на ISAR Honours 2026, признание на Меѓувладината работна група на експерти за меѓународни стандарди (ISAR) при УНКТАД – UN Trade and Development.

„Н.М“: Европската цел не значи дека секоја понуда од ЕУ е автоматски добра за Македонија, сѐ треба да се одмери колку им одговара на македонските интереси!

„Не е прашање дали Македонија ќе биде во Европа, туку колкава цена ќе треба да плати, под кои услови и со колкаво право да одлучува за сопствената иднина.“ = се нагласува во анализата со наслов „ЕУ-интеграцијата не е линеарен пат од кандидат до полноправна членка“, која е објавена во дневниот весник „Нова Македонија“.

To top