Македонија

Македонец бранител на пиринските Македонци во Стразбур ставен на бугарската ,,Црна листа”

Менкиноски ќе открие детали за овој меѓународен правен преседан и притисоците со кои се соочуваат бранителите на човековите права

Македонскиот адвокат Тони Менкиноски кој ги брани пиринските Македонци пред Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур стама дел од бугарската ,,Црна листа”.

Со скандалозната одлука на официјалните власти во Софија, Република Бугарија, на Менкиноски му е изречена забрана за влез во соседната држава во траење од 10 години!

Овој чин претставува директен напад врз адвокатската дејност и обид за замолчување на Менкиноски, како правен застапник на Македонците во Бугарија, пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

На прес-конференцијата која Менкиноски ка закажа за денеска во 11.30 часот ќе бидат изнесени детали за:

– Можните причини за овој скандалозен чин
– Последиците од повредата на човековите права како адвокат слободно да се движам во земјата каде се наоѓаат нашите сограѓани

Прес конференцијата ќе се одржи утре, 7 март во 11.30ч. во просториите на канцеларија на Менкиноски на адреса:
Бул. ВМРО 7/31, Скопје.

На прес конференцијата Менкиноски ќе открие детали за овој меѓународен правен преседан и притисоците со кои се соочуваат бранителите на човековите права.

Најнови вести од: Македонија

Соопштенијата на СДС им се пишувани со ChatGPT, користат ВИ, а се против дата-центри

Утрото пишуваат соопштенија со ChatGPT, во моменти кога на Заев му се полни телефонот на јахтата на Егејското Море, потоа СДС користи вештачка интелигенција, но затоа се против дата-центри, а се за садење марихуана, зашто бате Вице е во тој бизнис

To top