Македонија

Македонец со двојно државјанство отстранет од изборите во Бугарија

Централната изборна комисија го избриша кандидатот на Преродба, Зоран Мрсески, поради моменталната адреса во Македонија

Бугарската Централна изборна комисија (ЦИК) ја избриша регистрацијата на кандидатот за пратеник од Преродба, Зоран Мрсески, за претстојните парламентарни избори закажани за 2 април, поради тоа што неговата моментална адреса е во Македонија.

Бугарскиот Устав дозволува лице со двојно државјанство да биде избрано за пратеник, но под услов да живеело во Бугарија во последните 18 месеци.

Генералниот директорат за население и домување утврди дека Мрсески има постојана адреса во Бугарија, но од 19 октомври 2024 година неговата моментална адреса е во Македонија и не е променета од 7 јули 2020 година. Со други зборови, тој не го исполнува условот за живеалиште.

Затоа, ЦИК ја избриша неговата регистрација за кандидат во 23. софиска изборна единица од антимакедонската партија на Костадин Костадинов.

 

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

Милошоски: Македонија е добро позиционирана и кон САД, но и кон ЕУ

Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери

To top