Македонија Бизнис

Македонија ќе биде во групата земји со најповолни услови за да извезуваат во САД, вели премиерот

Разговарано е со САД за можните царински олеснувања. Верувам дека ќе бидеме во групата земји кои ќе имаат најповолни услови за да извезуваат на американскиот пазар, вели премиерот.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција во Владата изрази уверување дека земјава ќе биде во групата држави кои ќе имаат најповолни услови за да извезуваат на американскиот пазар.

  • Разговарано е со САД за можните царински олеснувања. Верувам дека ќе бидеме во групата земји кои ќе имаат најповолни услови за да извезуваат на американскиот пазар – рече Мицкоски.
САД од денеска најавија испраќање официјални писма до трговските партнери со детали за новите царини и трговски договори. Американскиот претседател Доналд Трамп уште во април најави основна царина од 10 отсто за речиси сите увозни производи, со дополнителни „реципроцитетни“ царини за земји со трговски дефицити со САД. Овие мерки беа паузирани за 90 дена, рок кој истекува на 9 јули.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

4iG IT склучи договор со владата на Црна Гора вреден 54 милиони евра за модернизација на безбедносните служби и граничната полиција

Ова е првиот договор на 4iG Групацијата за обезбедување ИТ услуги за странска влада, со кој компанијата го проширува своето меѓународно присуство преку испорака на современи технолошки решенија и интегрирани информациски системи

(Видео): Работоспособно население не значи автоматски и продуктивно

Со зголемувањето на квотата за странски работници е надминат и недостигот од околу 670 работници во стопанството, велат од Владата и сметаат дека до 2030 година земјава треба да достигне квота од 50 000 странски работници годишно.

To top