Македонија

Македонија под хибриден напад: Тошковски потврдува истрага и најави акција

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, изјави дека Македонија е под хибриден напад во последните неколку месеци.

facebook.com/PancheToshkovski

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на маргините на 16-та меѓународна научна конференција „Системска корупција – најголемата безбедносна закана: Безбедносно-стратешки пристапи за решавање на сложените предизвици“, организирана од Факултетот за безбедност – Скопје, изјави дека Македонија е под хибриден напад во последните неколку месеци. Нападите, вклучувајќи ги неодамнешните пожари на критични локации, загрозуваат витални точки во државата. „Факт е дека имаме напад од повеќе страни и полиња. Постапуваме, но не можам да споделам детали сега“, рече Тошковски.

Прашан дали има некоја нова трага или осомничени за центрите на моќ, кои според реториката слушаме дека стојат зад пожарите, Тошковски кратко потврди: „Да, имаме“, без дополнителни информации. МВР уапси околу 40 лица за летните пожари, а за последните инциденти се сомнева во организирана група од над 20 лица. Тошковски укажа на намера за дестабилизација, но повика на трпение за да не се компромитира истрагата.

На социјалните мрежи, граѓаните изразуваат незадоволство од бавниот одговор на властите, посочувајќи можни надворешни влијанија од земји како Албанија, Србија, Бугарија и Косово. МВР ја продолжува истрагата, соработувајќи со Јавното обвинителство за заштита на критичната инфраструктура.

Најнови вести од: Македонија

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top