Македонија

Македонски адвокат за малку ќе бил мобилизиран во Украина?!

Ме застанаа еднаш, откри Умејр Мухамеди, кој сподели на Фејсбук фотографии од својот престој во Лавов

Адвокатот Умејр Мухамеди, поранешен советник во кабинетот на ексградоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, сподели на Фејсбук фотографии од својот престој во украинскиот град Лавов, а меѓу реакциите под нив самиот откри дека за малку ќе завршел како мобилизиран во украинската армија среде војната со Русија!

„Ме застанаа еднаш“, реплицира Мухамеди на советот од негов следач: „Внимавај да не те соберат тие што вршат регрутација“.

Лавов е град во западниот дел од Украина, близу границата со Полска, а мобилизацијата, во последно време (нај)често насилна, според видеата што кружат на социјалните мрежи, не е нешто непознато ни за тој дел на земјата.

Најнови вести од: Македонија

На инспектори им исекле гуми на возило за да не се дознае кој нелегално користи социјални пензии

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека се откриени повеќе од 4.500 корисници на гарантирана минимална помош и социјална сигурност кои ги земале парите без да ги исполнуваат условите, а меѓу нив имало починати лица, иселени граѓани и фиктивни корисници.

Даниловски: Одложувањето на БСЖ- вакцината е мерка на претпазливост

Донесен е заклучок времено да се одложи БСЖ-имунизацијата до добивање целосни информации за сериите, нивниот квалитет и евентуалната поврзаност со појавата на несаканите реакции кои се појавија во Хрватска, вели епидемиологот

To top