Македонија

Мухамеди за починатото дете прободено со нож: Не смееме на ваквите трагедии да гледаме само како на уште една вест

Како општество мора да застанеме и искрено да се запрашаме каде грешиме и што можеме да промениме, вели адвокатот

Адвокатот Умејр Мухамеди со коментар на Фејсбук за починувањето на 13-годишното дете од Чаир прободено со нож пред неколку седмици.

„Веста за смрта на 13-годишникот кој беше прободен со нож во Чаир нè погоди сите и нè остави без зборови. Пронајдени биле ножеви, пендреци итн. кај деца кои биле малолетници и учествувале во тепачката.

Родителите треба да бидат поблиску до своите деца, да разговараат со нив, да ги слушаат и да ги учат дека насилството никогаш не е решение, да ги проверат дали носат книги кога излегуваат од дома или ножеви и пендреци, да им ги проверуваат телефоните итн.
Полицијата и институциите треба да преземаат конкретни чекори за децата да бидат безбедни. Наставниците треба да ги пријават сите деца кои се насилни и кои носат опасни предмети со себе, а не да гледат само како да ги поминат часовите.
А ние како општество мора да застанеме и искрено да се запрашаме каде грешиме и што можеме да промениме. Не смееме на ваквите трагедии да гледаме само како на уште една вест.
Сочувство до семејството. Нека почива во мир“, напиша Мухамеди.

Најнови вести од: Македонија

Ајри Шеј, Tessa Group: Иднината им припаѓа на бизнис моделите кои ги интегрираат енергетиката, напредните технологии и сајбер безбедноста

На четвртата конференција за дигитализација на АмЧам се обрати и министерот за дигитална трансформација во Владата, Стефан Андоновски, чие излагање беше посветено на креирање на услови за идните индустрии. На конференцијата зборуваа и претставници на ЕВН Македонија, претставници на ТИТАН Усје, Телеком на други компании од земјата.

To top