Македонија

Македонски бас ќе настапува во една од најреномирани опери на светот

Три настапи во еден месец

Македонскиот бас Игор Дурловски ќе настапи во една од најреномирани опери на светот.

Една од водечките оперски куќи на светско ниво потпишала договор со македонскиот оперски пејач за троен настап на сцената во главниот град на Кина.

 

 

,,Со гордост најавувам дека Националниот центар за изведбени уметности NCPA во Пекинг, една од најимпресивните и најреномирани оперски институции во светот ќе биде моја работна средина во ноември 2026 година. Ќе настапам со три претстави во улогата на Сарастро во операта “Волшебната флејта”, објави Дурловски кој во свој стил им посака убавини сите драги пријатели.🩵

Каков квалитет ќе добие Кинеската опера:

 

Дурловски студирал на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. Биљана Јовановска Јакимовска, се усовршувал во Камерното Студио на Оливера Милјаковиќ во Виена.

 

Веќе неколку години, светот го запознава басот Игор Дурловски како изведувач на партии од оперскиот и концертниот репертоар. Тој ги третира музичките стилови со вистинска палета на расположенија, почнувајќи од улогата на Плутоне во Евридика на Јакопо Пери, до ролјата на свештеникот во операта „Посета на старата дама“ на Готфрид фон Ајнем.

 

Магичната интерпретација на музиката на Дурловски е забележлива уште од неговото деби во 1999 година. Од тогаш тој станува миленик на својата матична публика во Македонија, која безрезервно го наградува гласот кој со големина и карактер го изведува белканто репертоарот на Гаетано Доницети, Винченцо Белини, Џоакино Росини, лириката и драматиката на Џакомо Пучини, како и херојските улоги од рускиот и францускиот репертоар.

 

Командувајќи на сцената и исполнувајќи го театарот со својот моќен и елоквентен бас, Дурловски толкува мноштво на ликови напишани од познатите автори. Инструментот на овој бас, Македонската опера и балет во периодот 2000 до 2002 година, го користи во продукциите на оперите Lucia di Lammermoor, Il Trovatore, Don Giovanni, Turandot, Il barbiere di Siviglia, La forza del destino, Rigoletto, Aida и други.

 

Неговиот мудар славјански тон кој е вистинско богатство за ушите на слушателите, зема замав и во повеќе оперски куќи во светот. Градејќи вокален климакс, под патронат на диригентот Пол Вајголд, 2001 година, Дурловски дебитира во улогата на Nonacourt во операта Il capello di paglia di Fireza во продукција на Виенската Камерна опера. Тогаш започнува и обликувањето на елегантната вокална техника на овој уметник во камерното студио на КМС Оливера Милјаковиќ.

 

Драматичните и лирски особености на овој бас со годините, ќе станат препознатливи и по изведбите на оперите од македонски композитори меѓу кои операта Лидија од Македонија и Цар Самоил. 2003 година, тој ја добива наградата „Ѓорѓи Божиков“ од Сојузот на композитори на Македонија – СОКОМ за најдобра изведба на композиции од македонски автори. Истата година, Дурловски станува лауреат на меѓународниот натпревар во Белград „Jeunesses Musicales“.

 

Мистериозно длабокиот резонантен глас на овој пејач, 2004 година ќе стане дел и од новите продукции на Виенската камерна опера, Ballo delle Ingrati Euridice. Биографијата на Игор Дурловски бележи и концернти изведби на грандиозни дела како Бетовеновата Деветта симфонија, Моцартовиот Реквием, Вердиевиот и Моцартовиот Реквием, 14-та Симфонија на Шостакович, Радомировиот Псалтир на Димитрије Бужаровски, ораториумот Клименту од Властимир Николовски, Симфонијата Зима од Ристо Аврамовски и други. Забележливи се и неговите гостувања на реномираниот фестивали Охридско лето.

 

Тој е познат во оперските куќи меѓу кои: Wiener Cammeroper, Wiener Concert House, Оперската куќа во Мунстер, Националната опера и театар во Сараево, Хрватскиот Народен Театар во Загреб, Осиек и Риека, Тиранската Опера, Битолската Опера и други. Соработувал со Wienna Residence Orchestra, Источно-западниот симфониски оркестар, Белградската филхармонија, Софиската филхармонија, Ансамблот за современа музика „Алеа“. Еден период живеел во Германија. До 2004 година пеењето го усовршувал кај своевремено најпознатиот светски бас, Бугаринот Николај Ѓауров

Најнови вести од: Македонија

Декларација на ЕФА до Комитетот на министри на Советот на Европа за правата на Македонците во Бугарија и надѕорот врз неа за нивното кршење

„Работната група за јазични и малцински права на Европската слободна алијанса (ЕФА) нагласува дека секое затворање, или намалување на меѓународниот надзор врз Бугарија во врска со нејзините постојани кршења на правата на Македонците во Бугарија, во оваа фаза би било прерано и спротивно на обврските, што произлегуваат од член 46 од Конвенцијата. Со тоа се поткопуваат авторитетот на Европскиот суд за човекови права во Стразбур и доверливоста на системот за заштита на човековите права на Советот на Европа.“ – порача европската партија Европската слободна алијанса – ЕФА во „Декларацијатата на Работната група за јазични и малцински права на ЕФА околу македонското малцинство во Бугарија“, донесена вчера на 20 ноември 2025 година во врска со претстојниот состанок на Комитетот на министри на Советот на Европа, кој треба да се одржи на 2 декември 2025 година.

Европската слободна алијанса го повикува Советот на Европа да продолжи внимателно да ги следи правата на малцинствата во Бугарија!

„Европскиот суд за човекови права утврди дека се прекршени правата на македонското малцинство во Бугарија: Македонците не беа признати, а македонските организации не беа регистрирани. И покрај дадените препораки, сè уште до денес ниту една македонска организација не е успешно регистрирана. Пример е нашата партија- членка на ЕФА ОМО Илинден-Пирин, на која сакаме да ѝ ја потврдиме нашата поддршка и нашата посветеност кон правдата, еднаквоста и правата на малцинствата низ цела Европа.“ – истакна вчера, на 20 ноември 2025 година во својата официјална изјава Европската слободна алијанса – ЕФА, европска политичка партија, која е сочинета од регионални и малцински политички парти од европскиот континент, а меѓу нив и ОМО „Илинден – Пирин од Бугарија.

Премиерот Мицкоски денес ќе учествува на Самитот на лидери во Тирана

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денес, на 21 ноември 2025 година, ќе присуствува на Самитот на лидери, кој кој ќе се одржи во Тирана, во Република Албанија, под мотото „Нашиот план до ЕУ“.

Мехмети: На ДУИ ѝ тргна наопаку и без длабоки реформи таа ќе замине во политичката историја!

„Алармот на ДУИ е вклучен. Овој конгрес може да биде последната шанса да се врати изгубената доверба. Ако има размислување, самокритика и храброст за длабоки реформи, може да се роди нова ДУИ, поодговорна и поблиска до граѓанинот. Но, ако сè остане на ниво на зборови и расудување, тогаш патот е јасен: партијата што некогаш ги водеше Албанците, се изложува на опасност да замине во политичката историја.“ – нагласува новинарот Емад Мехмети од Скопје во својата колумна со наслов „Решавачки конгрес на ДУИ: дали ќе донесе ново, или ќе се изложат на опасност да заминат во историјата?!“.

Мицкоски во Тирана на отварање на клубот „ВМРО-ДПМНЕ Албанија“

Мицкоски ја нагласи можноста на Македонците во Албанија да имаат свој клуб, можност за здружување, слободно да работат на зачувување на својата култура, идентитет, јазик и традиција, а таа можност ја немаат Македонците во Пиринскиот дел на Бугарија

Најнови вести

To top