Македонија

Тројца обвинети полицајци се изјаснија за невини за „Пулс“

На обвинетите им се става на товар дека при извршување акциски контроли во угостителскиот објект „Пулс“ не постапиле во согласност со пропишаните правила

Со сослушување сведоци предложени од одбраната, денеска, во Основниот кривичен суд Скопје продолжува судењето против тројцата обвинети полициски службеници од Кочани за постапувањето при контролите поврзани со дискотеката „Пулс“.

На почетокот на судењето тројцата обвинети пред судот изјавија дека не се чувствуваат виновно по обвинението што произлегува од постапувањето при контролите поврзани со дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде што на 16 март минатата година во пожар животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени.

Судењето го води судијката Лидија Петровска, а застапник на обвинението е јавната обвинителка Спасенка Андонова.

Прв денеска беше сослушан сведокот Ерхан Хаџимита, вработен како полициски службеник во ПС Кочани, кој пред судот рече дека двапати учествувал во полициски контроли во текот на 2023 година во дискотеката „Пулс“, од кои првиот пат во април, а вториот во текот на декември.

Во контролите учествувал со одговорниот Горан Лазаров, при што нашол две малолетнички во објектот, чии лични карти рече дека ги одзел и му ги предал на одговорниот Лазаров. На тоа сведокот рече дека почнал да реагира сопственикот Дејан Јованов-Деки.

– Рече „правете што сакате“ затоа што и претходно со него за малолетници во објектот имавме дуел. Затоа излеговме надвор, не сакаше да соработува со нас. Јас останав со малолетниците за да ги повикаат родителите, а одговорниот изготви записник – рече сведокот.

Сведокот нагласи дека и претходно во април 2023 има пронајдено малолетници во дискотеката и исто така сопственикот не соработувал.

На прашање од јавниот обвинител сведокот рече дека кога ги одзел личните карти, отишол кај одговорниот на смена, кој бил во билетарницата заедно со сопственикот на објектот и неговиот син.

Прашан дали било побарано документи од сопственикот на дискотеката, сведокот рече дека одговорниот побарал, но газдата не соработувал и бил одбивен кон нив.

Прашан дали тоа било запишано во записникот, сведокот рече дека тој записник не попопнувал.

Судењето почна на 3 март годинава со читање на обвинителниот акт од страна на обвинителката Ивана Трајчева од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), на која минатата недела ѝ заврши мандатот и не беше повторно избрана.

На обвинетите им се става на товар дека при извршување акциски контроли во угостителскиот објект „Пулс“ не постапиле во согласност со пропишаните правила утврдени во анекс-плановите за акциска контрола и во записниците навеле неактивно правно и одговорно лице, кое, како што појасни обвинителката, не било активно во клубот во моментот на контролата.

Според обвинението, во периодот од 7 октомври 2023 до 7 февруари 2024 година обвинетите Кире Богатинов и Горан Лазаров, како службени лица, не ги извршиле своите службени должности, односно не постапиле во целост по анекс-плановите за акциска контрола од 5 октомври и 24 ноември 2023 година при изготвување записници за извршена контрола.

Во записниците биле констатирани прекршоци за нарушување на јавниот ред и мир, но биле внесени неточни податоци за правното лице кабаре „Пулс“ во Кочани.

Според обвинителниот акт, третообвинетиот Александар Темелков при одобрување на барањата за поведување прекршочна постапка од 1 и 7 февруари 2024 година не ја проверил целокупната документација приложена кон нив иако бил должен тоа да го стори, туку ги потпишал и ги поднел до судот во Кочани. Барањата биле изготвени против неактивното правно лице „Класик“ ДООЕЛ Кочани и физичко лице посочено како одговорно во „Пулс“, иако, според обвинението, тие не биле активни субјекти во моментот на постапувањето.

Со ваквите дејства тројцата обвинети прибавиле имотна корист за „ММММ кафе“ ДООЕЛ Кочани, подружница кабаре „Пулс“, како и за одговорното лице, на начин прецизно опишан во обвинителниот предлог.

Најнови вести од: Македонија

Почина Волф Ошлис, амбасадорот на македонската кауза: Ако Европа ја изгуби Македонија, ќе се изгуби и себеси!

На 30 август 2026 година германските научни платформи објавија потврдена вест, која е повеќе од тажна за македонскиот народ и Република Македонија: уште на 18 август 2026 година почина професор доктор Волф Ошлис, германскиот и европски македонист со непроценливо значење на неговиот политичко-јазичен македонистички ангажман за македонскиот народ и јазик, за одбраната на националната, идентитетска, јазична, културна и историска засебност и самобитност на Македонците наспроти сите нивни негирања како народ. Неговата реченица: „Нема ништо полесно отколку да бидеш пријател на Македонија. Јас сум тоа од 1975 година…“ ја одразува неговата длабока професионална, но и лична, чувствена врска со македонската кауза, со Македонците и Македонија

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

To top