Македонија

Македонски наставник измамен за годишна плата

Наставник во Битола не знаел дека работел цела година без плата и договор за работа

Наставникот по ликовно образование Стефан Поповски од Битола целата учебна година редовно одел на работа во подрачното училиште во Горно Оризари при ООУ „Тодор Ангелевски“ Битола.

Тој тврди дска воопшто не знаел дека уште во јануари 2025 година му бил даден отказ и дека не е на платен список.

Поповски, кој бил ангажиран во три основни училишта за да оформи полн фонд на часови, во подрачното училиште држел по четири часа неделно, активно се вклучувал во училишните активности, праќал ученици на конкурси и натпревари, цртал мурали и добивал награди.

Сè до неодамна не знаел дека е отстранет од списокот за исплата на плата.

„Веќе два месеца си ја барам правдата, одработените пари и стажот, но добивам пораки дека ако ова стигне во јавноста, никогаш повеќе нема да работам во образование. Вчера ме избркаа од училиштето. Правдата ќе ја барам на суд“, изјави Поповски за порталот Апла.

Според неговите тврдења, решението за престанок на работен однос не го добил во 2025 година, а документот што сега му го доставуваат не е потпишан од него, нема печат и е потпишан само од бившата директорка.

Прашањето што останува е зошто училиштето го ставало во распоредот на часови и во годишната програма ако постоело решение за отказ.

Поповски најави дека случајот ќе го реши судот.

Најнови вести од: Македонија

Вреди: Ахмети со ДУИ „продаваше“ лажен патриотизам, а преку сватот зеде кредит од 5 милиони евра од „Алта банка“ во Белград”!

Додека Али Ахмети и врвот на ДУИ со години јавно продаваа лажен патриотизам, нивната семејна бизнис-мрежа, далеку од очите јавноста, склучувала милионски договори директно во Белград, наведува „Вреди“ во соопштение.

Богатства на македонската археологија: во античкиот град кај Исар–Марвинци пронајден монументален комплекс на римска бања

Археолошките истражувања на локалитетот Исар–Марвинци кај Валандово во 2026 година донесоа исклучителни резултати, кои значително ги прошируваат досегашните сознанија за развојот, архитектурата и секојдневниот живот во античкиот град.

Мицкоски: Практичниот дел на правосудниот испит ќе биде на македонски јазик! ДУИ дрско се обидува да потпали меѓуетничка напнатост!

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во одговор на новинарски прашања појасни дека предложеното решение за полагање на правосудниот испит предвидува два дела, при што теоретскиот ќе може да се полага и на албански, турски или англиски јазик, додека практичниот дел ќе биде исклучиво на македонски јазик и кирилско писмо.

Ѓорѓиевски: Скопје ја памети цената на слободата и нема да ги заборави оние што ги дадоа животите

Потсети дека на денешен ден, по неколкудневни тешки борби со фашистичкиот окупатор, борците од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија и 16-та македонска бригада го ослободиле Скопје

Мицкоски: Новите измените на Кривичниот законик нема да важат ретроактивно

Ја обвини поранешната влада на СДСМ и ДУИ дека со претходните измени на законите, донесени по скратена постапка и со европско знаменце, имала намера да се заштити од одговорност за криминал

Најнови вести

To top