Македонија

Македонски политичар по свадбата го објави името на неродениот син, ќе се вика Никола

Мојата најважна улога отсега е да бидам сигурен столб и заштитник на моето семејство, објави Костадинов

Ја крунисавме нашата љубов со брак. Зад нас оставивме одличен забавен ден, поминат со луѓе кои навистина знаат како да се радуваат на нашата среќа, пред нас следува нова страница од животот, објави екс пратеникот и екс градоначалник на Струмица Костадин Костадинов.

Тој го објави името на синот што го очекуваат со саканата која е во поодмината бременост.

​,,Ова е страница на голема одговорност, но и на вистинската смисла на животот. Мојата најважна улога отсега е да бидам сигурен столб и заштитник на моето семејство.

​Со срца полни со мир и благосостојба, сега го чекаме нашиот Никола да дојде на овој свет и целосно да ни го комплетира животот”, напиша Костадинов објавувајќи фотографии од свеченоста.

Најнови вести од: Македонија

ФЕРО ИНВЕСТ втора година по ред поддржува меѓународна медицинска едукација во Скопје

Еминентни професори и медицински експерти од Европа и САД учествуваа на Регионалната школа за срцева слабост, која придонесува за развојот на македонската кардиологија и нејзиното позиционирање на европската мапа на стручни едукативни настани.

To top