Македонија

Македонскиот ,,дрвен” Елиот Нес разочаран и лут на граѓаните што ја бранат шумската мафија

Зошто тие што бараа закон сега се против апсењето на дрвокрадци

Кире Михаилов кој поради своите оперативни акции против дрвокрадците е познат како македонскиот ,,дрвен” Елиот Нес се разочара од граѓаните што ја бранат шумската мафија.

 

По објавата на видеото на социјалните мрежи на кое се гледа како екипите на ЈП „Национални шуми“, заедно со Шумската полиција фаќаат група дрвокрадци кои подолго време ги пустошеле шумите на планината Плачковица во околината на Радовиш, Михаилов се чуди зошто граѓани ја осудуваат акцијата.

 

Во постот на заменикот директор на „Национални шуми“, Кире Михаилов тој прашува зошто тие што бараа закон сега се против апсењето на дрвокрадци.

,,Почитувани граѓани на РАДОВИШ. Нели многу Ви сметаше пустошењето на Плачковица? Нели за наредната недела дури се споменуваа и протести пред општина Радовиш за непреземање ништо за заштита на Плачковица?

Нели овие групи покрај штетата што ја правеа на шумата, можеа да презгазат некој возејќи лудо по патиштата со неисправни коли без таблици и крадени дрва?

Нели овие луѓе крадеа и по викендиците кои ги имате на Плачковица, што не ги кажете?

Ако е така, тогаш зошто не застанете во одбрана на ова кое што го сработивме”, прашува Михаилов на Фејсбук.

Тој вели дека ако е така, сите да ги прочитаат  коментарите на објавите и кај него и на сите портали да видат како сограѓани ги бранат “сиромашните” дрвари!

,,Објаснете им на тие сограѓани кои појма немаат прво каде е Плачковица, а второ, уште помалку ја знаат штетата која овие десетина луѓе ја прават на целата планина и на целиот Радовиш!

Ако во изминатиов период жолчно ме повикувавте мене лично и институциите да преземеме мерки, зошто сега жолчно не го одбраните и одобрите ова кое што го сработивме вчера, а?

Вчера јас и сите кои беа таму ги жртвувавме нашите животи справувајќи се со мафија која направи огромни штети, или не, а?

Дали јас и тие луѓе тоа вчера го направивме за Вас сите и Вашите деца во општина Радовиш и пошироко или за некој кој живее во Америка го направивме, а?

 

Ако не не браните, значи не ви е битно тоа што се случува и тоа што го правиме, па тогаш, нема што да се замараме и јас, и колегите и Вие, нели?

Ако не ви значи, тогаш зошто јас или било кој друг да се замара со работи во “вашиот” двор, нели?!?

Ајде мои пријатели Радовишани, планинари, загрижени репортери по планините, екологисти и сите останати кои доста време не “пеглавте” во јавноста дека соработуваме со нив, дека не сме способни, дека ќе се самоорганизирате затоа што државата е неспособна да ве брани, каде сте?

А не е лошо и ТВ КОБРА која честопати ги читаше коментарите кај мене и носеше заклучоци од нив, овојпат убаво да ги прочита сите коментари и да ги прераскаже”,  порачува резигнирано на крајот на објавата Михаилов

Најнови вести од: Македонија

Клековски: Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка годишно во Македонија, ќе се преиспитува скрининг-програмата

Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка се регистрираат годишно во земјава, а во моментов околу 7.000 пациентки се лекуваат или се лекувале, изјави министерот за здравство Сашо Клековски на „Розовиот пикник појадок“ во Скопје во Паркот кај Школка, организиран од ХЕМА-ОНКО. Настанот го поддржа и претседателката на Македонија Гордана Сиљановска-Давкова, како и голем број жени кои присуствуваа, за да ги слушнат пораките за важноста на превенцијата, раното откривање и отворениот разговор за ракот на дојка.

Целосно слеп човек повикан да докажува дека е слеп и му била намалена помошта – ДКСК утврди дискриминација од стручната комисија

Човек целосно слеп на двете очи, чија здравствена состојба е медицински утврдена како трајна и непроменлива, повторно бил повикан на контролен преглед за да му се проценува потребата од туѓа помош и нега. Помошта што претходно ја добивал му била определена во помал обем.

Интервју: Глупост е Самуил да се враќа во Бугарија, тој таму никогаш и не бил, вели професор Атанасовски

Професорот Александар Атанасовски, чија специјалност е средниот век, вклучително и времето на Византија и Самуиловото Царство, беше гостин во емисијата Радио Точка, во рамки на програмата Хоризонт на Бугарското национално радио БНТ. Централна тема – договорот меѓу Бугарија и Грција за пренесување на наводните коски на цар Самуил од Солун во Софија.

(Фото): Означен стартот на 22. издание на „Виз Ер Скопски маратон“, улиците преполни со учесници

Град Скопје е покровител на спортската манифестација, а градоначалникот вели дека градските служби се подготвени да ја обезбедат потребната поддршка за нејзино успешно одржување.

Најнови вести

To top