Македонија

Македонскиот народ признат од Русија два века пред да го „измисли“ Тито

Свештеник на МПЦ-ОА објави руски државен документ од 1752 година, во кој Македонците стојат покрај Србите, Бугарите и Власите

Антониј Петрушевски, парохиски свештеник од Куманово при Македонската православна црква – Охридска архиепископија, открива руски државен документ од 1752 година, со кој недвосмислено се потврдува самобитноста на македонскиот народ два века пред да го „измисли“ Јосип Броз Тито, како што тврди официјалната бугарска политика од Тодор Живков наваму.

„Ако на сајтот на Целосно собрание на законите на Руската империја, https://nlr.ru/e-res/law_r/search.php во полето за Собрание изберете 1649-1825, во Номер закона внесете: 9921, и потоа во полето Страница: 571, на дното на страницата што ќе се отвори може да се прочита: „…православные народы Сербскій, Македонскій, Болгарскій и Вологскій…“

Указот бр. 9921 од 1752 година претставува официјален руски државен документ во кој Македонците се споменуваат како посебен православен народ, различен од Србите, Бугарите и Власите.

Во официјалниот руски државен документ бр. 9921 од 1752 година постои јасно сведоштво дека се употребувал етнонимот „македонски народ“, при што Македонците биле наведени како посебен православен народ покрај Србите, Бугарите и Власите (т.е. Романците).

Овој документ е силен аргумент против политичката теза дека терминот „Македонци“ е вештачки создаден во 1944 г. Тој цврсто докажува дека тоа име било живо, препознатливо и официјално администрирано во највисоките државни институции на една светска империја уште во средината на 18-от век, односно претставува уште еден доказ за континуитетот на македонското име, кој потврдува дека македонскиот идентитет не паднал од небо во 20-от век, туку имал свој природен, вековен развоен пат“, објави Петрушевски на Фејсбук.

 

Најнови вести од: Македонија

Наумовски: Победата на опозицискиот претседателски кандидат во Бугарија води до предвремени парламентарни избори

-Според некои анализи, тие имаат изгубено можеби две третини од гласовите од парламентарните избори и, според мене, тоа е прв показател дека поддршката која ја имаше Радев на парламентарните избори веќе е значително намалена. Се покажува дека релативно комотната позиција која Радев ја имаше како претседател на државата е различна од состојбата која сега ја има да решава проблеми како премиер, рече Наумовски. По социјалните мрежи имаше една шега дека има низок одѕив на изборите во Бугарија затоа што сите бугарски возови заминале во Србија Ова во „Наткаст“ на „Курир“ го изјави Васко Наумовски, универзитетски професор и поранешен вицепремиер за евроинтеграции.

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Најнови вести

To top