Македонија

Македонското друштво “Илинден“-Тирана најостро ги осудува обидите на Софија за злоупотреба на здравјето на Македонците во Пустец, за да ги бугаризира!

„На 11 септември 2026 бугарски лекари вршеле прегледи во државна амбуланта во Пустец. Бугарската држава со години врши невиден притисок врз Македонците во Република Албанија. На Македонците низ цела Република Албанија им е јасно дека акцијата за бесплатни прегледи треба да биде дополнителна мамка за населението во областа Преспа за негово изјаснување како Бугари.“ – реагира во најостра форма Македонското друштво “Илинден“-Тирана .

Натаму во оваа реакција се истакнува: Македонското друштво “Илинден“-Тирана изразува жалење што највисоките личности на албанската држава, и Општина Пустец дозволуваат да бидат уценувани од бугарските политички лица за сметка на Македонците во Република Албанија и што потклекнуваат пред тие уцени. Цената на уцените од Софија врз политичкиот врв на нашата држава ја плаќа македонското национално малцинство.

Македонското друштво “Илинден“-Тирана ги повикува албанските и европските институции, да се позанимаваат со суровото и бескрупулозно нафрлање на бугарските емисари врз Македонците во Република Албанија.

Досегашното нереагирање од страна на државните институции за заштита на сопствените државјани доведува до асимилација на македонското национално малцинство во Република Албанија – стои во соопштението на Македонско друштво “Илинден”-Тирана.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top