Македонија

Македонците во Мелбурн одбија да излезат на парада без ,,Сонцето од Кутлеш”

За нас Македонците, учеството без нашето знаме би значело компромитирање на суштински дел од тоа кои сме ние

Заедницата на македонски уметнички организации на државата Вукторија (ФОМКУД) одлучи да ја бојкотира MOOMBA парадата на градот Мелбурн во 2026 година на која требаше да учествува вчера.

Причината е во тоа што организторите не дозволија да се користи знамето со сонцето од Кутлеш.

,,По внимателни и долги консултации со нашите здруженија-членки и кореографи, ФОМКУД и претседателите на Македонските културно-уметнички друштва на Викторија заедно одлучија да не учествуваат на денешната Мумба парада на градот Мелбурн во 2026 година.
По месеци напорна работа од страна на нашите танчери, кореографи и сите вклучени, ова беше тешка и горчлива одлука. Никој не е задоволен од тоа како сме доведени до оваа точка или од опциите пред нас.

Како што многумина од вас знаат, градот Мелбурн не ни дозволи да парадираме со нашето знаме – Ѕвездата од Кутлеш – симбол што ги претставува сите Македонци од сите региони на Македонија. Сите сме длабоко разочарани од оваа одлука. Ја носиме Ѕвездата од Кутлеш во нашите срца”, објави македонската заедница.

Според ФОМКУД страста на Македонската заедница за знамето на Ѕвездата од Кутлеш е вистинска, моќна и очигледна во повиците до нив да се заземе став, да се спротивстави и да протестира.

,,Ве слушаме и разбираме зошто. Како лидери во рамките на ФОМКУД, ние ја чувствуваме таа страст и препознаваме што значи знамето за сите нас од повеќе перспективи. Во исто време, имаме одговорност кон нашите танчери и кореографи, кои се наши деца, да ги чуваме безбедни и да ги заштитиме од политички тензии. Нашите деца не се политичка алатка што треба да ја експлоатира која било страна во која било дебата, без разлика колку „во право“ се чувствуваме.

Во сето ова, ние сме и Мелбурнчани и дел од пошироката заедница во Мелбурн. Сите бевме воодушевени од можноста да го претставиме нашето македонско наследство, идентитет, песна и танц пред јавноста во Мелбурн на иконската парада Мумба. Но, ако е „не“ за нашето знаме и идентитет од нашиот дом, градот Мелбурн, тогаш велиме „не, благодарам“ за откажувањето од нашето знаме и нашиот идентитет, нема да поставиме самоуништувачки преседан, нема да ги компромитираме нашите танчери, кореографи или културно-уметнички здруженија – нема да присуствуваме”, порачуваат од ФОМКУД.

ОД Асоцијацијата велат дека се скршени што не им е дозволено самоопределување и претставување на македонскиот идентитет, но му се заблагодаруваат на Градот Мелбурн и на Организацискиот комитет на М MOOMBA за разгледувањето на жалбите во врска со одлуката за знамето.

,,За нас Македонците, учеството без нашето знаме би значело компромитирање на суштински дел од тоа кои сме. Културното изразување треба да се слави во целост, а не да се ограничува.

Најважно од сè, огромна БЛАГОДАРНОСТ до нашите танчери и кореографи за вашиот неуморен труд што нè инспирираше и обедини сите. Нè воодушевивте со она што го постигнавте. Целата Македонска заедница е неверојатно горда на вас”, стои во соопштението.

Во пораката до Македонската заедница се вели:

,,Се надеваме дека можете да ја разберете позицијата во која бевме принудени и невозможните компромиси што бевме замолени да ги направиме. Оваа вест е длабоко разочарувачка, особено за нашите танчери и семејства кои се подготвуваа со толку возбуда. Ви благодариме за вашето разбирање, солидарност и непоколеблива посветеност на нашата култура и заедница.

Останете со нас за големи работи што доаѓаат наскоро!

Со почит,

ФОМКУД Викторија
9 март 2026 година

Поврзани вести

Стефанидис: Македонците го признаа сонцето од Вергина како грчки симбол

Ако треба ќе умреме за Македонија, Сонцето од Кутлеш се уште го тресе Мелбурн (ВИДЕО)

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Државата е енергетски стабилна, се очекува поевтинување на горивата, вели Мицкоски

Државата не е голем потрошувач на гас и постои план за справување со можните предизвици, велат од Владата. Премиерот кажа и дека разговарал со големите нафтени компании. Премиерот очекува и поевтинување на горивата веќе од следната недела.

Во пресрет на грејната сезона – парно, струја, дрва: Што најмногу го празни џебот?!

Најефикасното, но и најскапо современо решение е топлотна пумпа систем воздух-вода. Оваа инвестиција бара помеѓу 6.500 и 9.000 евра, иако потоа месечната потрошувачка на струја за целата куќа е приближна на трошокот за два инвертер уреди. За домаќинствата кои немаат буџет за вакви системи, поставувањето на три поквалитетни инвертер клими со инвестиција од околу 2.500 евра.

Секоја десетта цигара во ЕУ е нелегална, црниот пазар ја опфаќа и Македонија

Предизвик за европските институции не е само растот на нелегалното производство, туку и неусогласениот начин на кој земјите му се спротивставуваат. Националните системи за контрола и спроведување значително се разликуваат, кривичните дела и казните не се доволно хармонизирани, а и натаму постојат празнини во соработката и размената на информации меѓу надлежните институции.

Секоја генерација треба да знае за хероите кои го дадоа животот за Македонија, рече министерот за одбрана

Покровител на турнирот е Министерството за внатрешни работи, а тој се организира во соработка со Министерството за одбрана, Бирото за јавна безбедност и здруженијата на загинатите бранители.

Кекеновски: Наместо „решителен чекор“ Урсула Лаен повторува „сменете устав“ и „разговарајте со Софија“!

Посетата на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен на Скопје требаше да биде повеќе од уште една протоколарна станица на нејзината балканска турнеја. Барем такви беа очекувањата што претходно беа создадени во јавноста. Нејзината посета не даде доволно јасен одговор. Лаен само повтори дека е потребен клучниот чекор поврзан со уставните измени.“ – нагласува универзитетскиот професор Јове Кекеновски во својата колумна со наслов „Фон дер Лаен: наместо „решителен чекор“ – „разговарајте со Софија“ .

(Фото): Свечено отворени Ресурсниот и Младинскиот центар Карпош

По повод одбележување на 50 години од основање на Општина Карпош, во рамки на култниот спортски објект „Наум Наумовски Борче“ – Партизан, беа официјално отворени Младинскиот Центар – Карпош (МЦК) и Ресурсниот Центар – Карпош (РЦК).

To top