Македонија

Сведоштво: Пред бегството Груевски бил придружуван од Шестата управа на МВР кога министер е Спасовски (ВИДЕО)

Нови детали од бегството на екс премиерот

Груевски за Унгарија не избегал од дома, туку од Охрид, поточно од хотелот „Ројал вју“ лоциран на самиот брег на Охридското Езеро околу 02.40 часот по полноќ, на 10-ти ноември 2018 година.

Ова во емисијата ,,На кавга со Иван” го тврди Александар Маленко кој го пречекал екс премиерот Груевски во хотелот на неговата екс сопруга.

Според тврдењето на Александар Маленко Никола Груевски не избегал од дома во Скопје, туку од хотелот „Ројал Вју“ (Royal View) во Охрид, кој се наоѓа на самиот брег на Охридското Езеро.

Датум и време на бегството според него е 10 ноември 2018 година, околу 02:40 по полноќ.

Маленко тврди дека тој лично ја отворил гаражата на хотелот за да излезе Груевски кој заминал со Passat автомобил, кој го управувал неговиот шофер а во колата биле и луѓе од неговото лично обезбедување.

Семејството на Груевски, сопругата и ќерките, останале во хотелот и го продолжиле престојот.

Според Маленко Груевски во Охрид пристигнал три дена претходно — на 7 ноември 2018 навечер со две возила, едно возило на МВР од Шестата управа — обезбедување и следење и
неговото приватно возило со шофер и обезбедување.

Груевски стигнал со семејството а
Маленко ги пречекал во гаража.

Престојот бил најавен по протокол од МВР како ВИП гости, без да се каже точно за кого станува збор што е стандардна безбедносна процедура.

Груевски подоцна стигна во Будимпешта, Унгарија, под неразјаснети околности, откако преходно поминал преку Албанија, Црна Гора и Србија.

Во Македонија беше отворена истрага, но никој не сносеше одговорност.

Екс премиерот ги оставил жената и децата во хотел а тој заминал со обезбедувањето

Маленко сподели непознати детали за бегството на Груевски (ВИДЕО))

Најнови вести од: Македонија

Почина Волф Ошлис, амбасадорот на македонската кауза: Ако Европа ја изгуби Македонија, ќе се изгуби и себеси!

На 30 август 2026 година германските научни платформи објавија потврдена вест, која е повеќе од тажна за македонскиот народ и Република Македонија: уште на 18 август 2026 година почина професор доктор Волф Ошлис, германскиот и европски македонист со непроценливо значење на неговиот политичко-јазичен македонистички ангажман за македонскиот народ и јазик, за одбраната на националната, идентитетска, јазична, културна и историска засебност и самобитност на Македонците наспроти сите нивни негирања како народ. Неговата реченица: „Нема ништо полесно отколку да бидеш пријател на Македонија. Јас сум тоа од 1975 година…“ ја одразува неговата длабока професионална, но и лична, чувствена врска со македонската кауза, со Македонците и Македонија

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

To top