Македонија

Манасиевски: За кубење коса 4 години затвор, за 150 ќебапи 3 години, а одговорност нема за „Ласкарци“ и „Модуларна“ со 30 мртви, ниту за „Мазут“!

„Ова се двојните аршини на мал дел од македонското правосудство раководено директно од СДС и ДУИ. За кубење на коса, се добива 4 години затвор.За кражба на 150 ќебапи, се добиваат 3 години затвор. А за случајот Ласкарци, каде загинаа 16 луѓе, за случајот со модуларната болница, каде загинаа 14 луѓе или пак за случајот Мазут, вреден 167 милиони евра, имаме нула години затвор и нула одговорност.“ – реагира портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Валентин Манасиевски.

Натаму гласноговорникот на владејачката македонска партија истакнува: За обичниот граѓанин важи законот, а кога ќе се стигне до луѓето и интересите поврзани со СДС и ДУИ, нивните инсталации во правосудството, веднаш се ставаат во нивна заштита.

Тоа е правдата што ја оставија и ветуваа СДС и ДУИ. Затоа граѓаните немаат доверба во правосудството.

Не може за ќебапи да има три години затвор, а за случаи со десетици изгубени човечки животи, граѓаните со години да чекаат конечна правда и и да не ја дочекаат.

Правосудството не смее да биде штит на СДС и на ДУИ. Законот мора да важи еднакво за сите, порачува портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Валентин Манасиевски.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Мојот идентитет не е создаден од Југославија!

„Идентитетот го опфаќа името на државата и мојот јазик; тој е наследство од моите предци, моето културно наследство и богатата македонска историја – како и од оние предци кои со својата крв го платија животот што го живееме денес, вели премиерот

To top