Македонија

Меџити: Младите се мостот на меѓуалбанската соработка

Меѓуалбанската соработка не треба да остане само идеја за која зборуваме, туку да се претвори во конкретни проекти што ќе создадат нови можности за граѓаните, особено за младите

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, учествуваше на Регионалната конференција „Младинската дипломатија како инструмент на меѓуалбанската соработка и европската интеграција“, организирана од Албанскиот младински форум, каде што говореше за значењето на зајакнувањето на меѓуалбанската соработка и улогата на младите во процесот на европска интеграција.

Во своето обраќање, Меџити истакна дека образованието, културата, економијата и туризмот треба да бидат главните столбови на меѓуалбанската соработка, посочувајќи и конкретни иницијативи кои веќе се реализираат, како Албанскиот саем во Скопје и Меѓународниот музички фестивал што ќе се одржи во Старата чаршија.

„Меѓуалбанската соработка не треба да остане само идеја за која зборуваме, туку да се претвори во конкретни проекти што ќе создадат нови можности за граѓаните, особено за младите. Само преку меѓусебна доверба, соработка и заеднички ангажман можеме да изградиме подобра иднина за Албанците каде и да живеат“, истакна Меџити.

На конференцијата учествуваа институционални, политички и академски претставници, како и млади од Албанија, Косово, Македонија, Црна Гора и Прешевската Долина, со цел зајакнување на меѓуалбанската соработка и промовирање на улогата на младите во европските интегративни процеси.

Најнови вести од: Македонија

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

Национален дата центар е обврска од реформската агенда

Македонија веќе има дата цента во Прилеп. Но, тој не е основен, туку секундарен што значи во случај на евентуален сајбер напад на системот на поединечна институција, таму се чуваат податоците кај секундарниот. Сега секоја институција наоѓа начин како ќе ги чува своите податоци

To top