Македонија

Меџити: Почиста иднина за 18 општини – стигнува новата опрема во вредност од 10.7 милиони евра

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска потпиша 2 договори во вредност од околу 10,7 милиони евра со кои ќе обезбеди и испорача нова опрема за управување со отпад за 18 општини од Југозападниот и Пелагонискиот регион, како дел од реализацијата на Регионалниот проект за управување со цврст отпад. […]

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска потпиша 2 договори во вредност од околу 10,7 милиони евра со кои ќе обезбеди и испорача нова опрема за управување со отпад за 18 општини од Југозападниот и Пелагонискиот регион, како дел од реализацијата на Регионалниот проект за управување со цврст отпад.

Со овие два договора, информираше Меџити е опфатено снабдување на општините Дебар, Струга, Битола, Кичево Прилеп, Долнени и други рурални општини со сеопфатна механизација: контејнери, канти, специјализирани камиони-компактори, скип-лифтови и кипер возила, односно сè што е потребно за ефикасно собирање, транспорт и одлагање на отпадот од страна на комуналните претпријатија во општините, во согласност со европските стандарди.

Со оваа значајна испорака на опрема која е сериозен чекор напред кон одомаќинување на европските еколошки стандарди, продолжуваме со реализација на нашата стратешка цел – изградба на одржлив и интегриран регионален систем за управување со отпад. Благодарност до сите партнери кои денеска се со нас и сесрдно го поддржуваат овој процес“ изјави министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити.

Опремата, согласно доставените барања од општините, се состои од:
• Пластични канти со капацитет од 120 литри,
• Метални контејнери со волумен од 1.1 м³,
• Специјализирани камиони-компактори со капацитет од 8 и 12 м³,
• Скип-лифт возила за собирање на отпад,
• Камиони-кипери за транспорт на отпаден материјал.

Новата механизација овозможува поефикасно собирање, транспорт и управување со отпадот и ќе се стави во функција на подобра јавна хигиена и заштита на животната средина. Со неа директно се подобруваат условите за работа на општинските јавни претпријатија и се овозможува поголема достапност на комуналните услуги за граѓаните.
Финансиската поддршка за оваа набавка е обезбедена преку Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), со дополнителна помош од Швајцарскиот државен секретаријат за економски прашања (SECO), Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) и Владата на Шведска преку СИДА.

Најнови вести од: Македонија

Клековски ќе ја посети болницата во Гостивар по масовното труење со загадена вода

Агенцијата за храна и ветеринарство издаде забрана за употреба на водата за пиење од гостиварскиот водоводен систем поради основано сомнение дека водата е загадена и небезбедна за употреба.

Семејството на Тоше Проески се дистанцира од најавениот концерт во Сплит

Нема да настапат Кристијан, ниту придружниот бенд на Тоше. Организаторите немаат службена дозвола од нас за негово одржување, а ние сме единствените носители на правата – се вели во објавата.

To top