Македонија

Мицевски: Денес паднаа маските, СДСМ упати порака до Коцевски да продолжи да ја брани позицијата на СДСМ и ДУИ

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, во објава на својот фејсбук-профил ја прокоментира изјавата која пред гласањето за интерпелацијата за државниот обвинител Љупчо Коцевски,  ја даде пратеникот Јован Митрески од СДСМ. Конкретно  прашува што значи пораката „ Од тебе зависи дали ќе бидеш со штитот или на него“? – – Денес, пратеникот на […]

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, во објава на својот фејсбук-профил ја прокоментира изјавата која пред гласањето за интерпелацијата за државниот обвинител Љупчо Коцевски,  ја даде пратеникот Јован Митрески од СДСМ. Конкретно  прашува што значи пораката „ Од тебе зависи дали ќе бидеш со штитот или на него“? –

– Денес, пратеникот на СДСМ, Јован Митрески, јавно му порача на јавниот обвинител Коцевски дека „Од него зависи дали ќе биде со штитот или на него“! Ова не е обична и наивна политичка изјава, ова е опасна и директна порака до Коцевски да остане таму каде што е и да продолжи да ја брани позицијата на СДСМ и ДУИ, наместо да преземе одговорност и да постапува професионално и независно, објави на социјалните мрежи координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Ова, како што вели, е порака со која што СДСМ му става на знаење на Љупчо Коцевски дека не смее да помисли да се повлече, не смее да излезе од улогата на „заштитник“ и дека мора да продолжи да ги штити нивните криминали со непостапување, молчење и блокирање на секоја правна акција што би ја погодила нивната мрежа.

„Љупчо Коцевски, со оваа политичка „поддршка“ која што ја добива од двоецот СДСМ-ДУИ, се става во позиција да биде симбол на одбраната на криминалните структури и коруптивните шеми кои ја уништија Македонија и ја урнисаа довербата на граѓаните во правосудниот систем.

Од друга страна, се поставува прашањето:

Дали оваа „лозинка“ на СДСМ е порака на поддршка или порака на закана кон Коцевски?Едно е јасно и кристално чисто. Денес маските паднаа, а граѓаните ја дознаа вистината, СДСМ и ДУИ се во очаен и последен обид да го спасат Коцевски, бидејќи само така можат да го заштитат својот криминал“. СДСМ изминатиов период, додава Мицевски, глумеше и манипулираше, но затоа денес не гласше „За“ интерпелацијата на Коцевски. И токму тука лежи одговорот, зошто ниту еден функционер на СДСМ не е гонет од обвинителството со кое што раководи Коцевски, дури и по една година откако тие во се опозиција. Но веќе нема “како до сега”, Нема да дозволиме јавниот обвинител како институција да биде нечија алатка за спас од одговорност, ниту на СДСМ, ниту на ДУИ, ниту на било кој друг политички центар на моќ“,  дециден е Мицевски.

Тој нагласува дека правдата и правичноста ќе победат, а криминалците ќе го добијат заслуженото.

Најнови вести од: Македонија

Нови правила на патарините од 15 јуни – Што мора да знаат возачите?!

На сите наплатни станици во државата стапуваат на сила новите правила за користење на лентите за електронска наплата, со кои лентите означени со „M-Tаг“ ќе бидат резервирани исклучиво за возилата што користат електронски тагови. Од ЈПДП потсетуваат дека со оперативните измени во системот за наплата се укинува можноста корисниците на M-Кард да плаќаат на M-Tаг лентите. Наместо тоа, тие ќе треба да ги користат другите ленти на наплатните станици, согласно со нивната намена.

Еден човек се здоби со полесни изгореници во пожарот кај штипско

Во акцијата за гаснење и локализирање на пожарот учествуваат едно противпожарно возило, три противпожарни џипови и 10 пожарникари, како и работна машина (скип) од ЈП „Стипион“ – Штип, четири трактори, полициски службеници и екипи на Итната медицинска помош.

Голем пожар кај Долани и Љуботен: Огнот се шири кон борова шума, пожарникарите на терен

Во пожарот едно лице се здобило со минимални изгореници. Екипата на Итната медицинска помош веднаш интервенирала и му била укажана соодветна медицинска помош. Според досегашните информации, нема други повредени лица, информираат од Центарот за управување со кризи.

МојДДВ повторно достапен, граѓаните и жалеа на неколку-дневни прекини

Во изминатите денови, при обид за пристап до апликацијата, корисниците добиваа порака „Нема конекција до УЈП“, поради што не можеа да ги евидентираат фискалните сметки за поврат на ДДВ. Засега нема официјално соопштение од Управата за јавни приходи за причините за повеќедневниот прекин, ниту за тоа кога системот целосно ќе се стабилизира.

(Видео): Дата-центрите се иднината – Македонија нема да остане настрана од светските текови

Мицкоски потсети дека големи инвестиции во дата центри веќе се реализираат во Франција, Хрватска и САД, додавајќи дека Македонија има можност да стане дел од современата технолошка економија. Тој порача дека Владата ќе продолжи да работи на привлекување вакви инвестиции, а конечниот суд за политиките, како што нагласи, ќе го дадат граѓаните на избори.

Општина Илинден доби дом за стари лица, премиерот рече дека се подобрува квалитетот на живот на граѓаните

Домот нуди концепт на функционирање во кој грижата за повозрасните не подразбира само сместување, туку целосен систем на здравствена, социјална и психофизичка поддршка, достоинствен живот и активно секојдневие.

To top