Македонија

Мицкоски: Апасиев и Мециновиќ си префрлале пари од сметката на Левица, кои граѓаните ги уплаќаат во буџетот

Премиерот Мицкоски посочи дека во врска со злоупотребите во Левица свиркач до нив доставил список, во кој има стотици трансакции на пари префрлани од Левица на сметка на Апасиев, но и оти и на кандидатот за градоначалник на Левица за Скопје Амар Мециновиќ на трансакциска сметка му биле префрлувани пари од сметката на истата политичка партија.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на собраниската седница за опозициски прашања покажа документи и списоци, за коишто рече дека ги добиле од свиркачи во врска со партискиот објект на Левица и од кои исто така, како што кажа, се гледа дека претседателот на Левица Димитар Апасиев и кандидатот за градоначалник на Скопје на оваа партија си префрлувале пари од сметката на Левица.

Мицкоски прочита извадок од записник, во кој Апасиев информира партиски членови за купувањето на објектот на поранешниот хотел „Опера хаус“ за 250 илјади евра, оти се работи за четири нивоа и дека два – три месеци се преговарало со „Унибанка“.

„Демантиравте дека имавте врска со ова еднаш кога ја отворив оваа тема. Велевте и тогаш дека не е тоа така, ова е скромно местенце, толку квадрати итн, итн… а овде гледам дека сте полн со себе, па во јавноста веќе кога се обидувавте да шпекулирате и да лажете. Треба да ѝ дадете одговор на јавноста кога бевте Димитар Апасиев: оној што ја зборуваше вистината, тогаш, или овој кога излезе овој записник пред вашите во ЦК.“ – рече Мицкоски.

Премиерот Мицкоски посочи дека во врска со злоупотребите во Левица свиркач до нив доставил и список на трансакции, во кој, како што кажа од собраниската говорница, има стотици трансакции на пари префрлани од политичката партија Левица на трансакциска сметка на Апасиев. „Еве ги сите трансакции како ја молзете и како ја цицате Левица, односно парите, коишто граѓаните ги уплаќаат во Буџетот. Вие треба да одговорите дали е точно, или не е.“ – рече Мицкоски.

Мицкоски додаде дека него повеќе го загрижува кандидатот за градоначалник на Левица за Скопје Амар Мециновиќ, кому, исто така, на трансакциска сметка му биле префрлувани пари од сметката на партијата.

Мицкоски ова го кажа спротивно на обвинувањата на Апасиев за поврзаноста на ВМРО-ДПМНЕ со агенцијата „Рубикон“ и нејзиниот сопственик, која го обезбедувала објектот на дискотеката „Пулс“ во Кочани. во која во пожарот починаа 63 лица, а околу 250 се повредени. Апасиев, кој од говорницата покажуваше фотографии, го праша Мицкоски дали ќе си поднесе оставка, повикувајќи се на изјава на премиерот.

Претседателот на Владата Мицкоски рече дека Апасиев се служи со лаги, невистини и клевети и оти и тој има слика со него, додавајќи дека можеби требаше и нив да ги објави.

Нетпрес

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top