Македонија

Мицкоски: „Безбеден град“ не е за пари, туку за спасување животи – толеранција од 15 % над дозволената брзина

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека првиот ден од функционирањето на системот за видео надзор и казнување „Безбеден град“ поминал без евидентирани поплаки од граѓаните.

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека првиот ден од функционирањето на системот за видео надзор и казнување „Безбеден град“ поминал без евидентирани поплаки од граѓаните.

Тој откри важен детал за начинот на кој ќе функционира системот во почетната фаза – Владата и МВР одлучиле да го зголемат прагот на толеранција на 15 проценти над дозволената брзина. Ова е над европскиот стандард кој изнесува 10 проценти.

„Владата и МВР одлучија на стартот да го зголемат прагот на толеранција, со цел граѓаните постепено да се навикнат на новиот систем и да не бидат казнувани веднаш. Како што ќе се навикнуваат возачите, така постепено ќе се враќаме во европските рамки (10%)“, појасни Мицкоски.

Премиерот беше дециден дека суштината на проектот не е финансиска, односно полнење на буџетот, туку намалување на сообраќајните незгоди и спасување на човечки животи.

Најнови вести од: Македонија

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top