Македонија

Мицкоски: Царинската управа е еден од столбовите на новото време

Со напорна работа и визја и со домаќински пристап ја враќаме државата на нозе дел по дел

Со напорна работа и визја и со домаќински пристап ја враќаме државата на нозе дел по дел, институција по институција, систем по систем, рече во своето обраќање претседатело на владата Христијан Мицкоски.

Еден од тие столбови што го гради новото време и ги поставува темелите на промените е токму Царинската урправа. Податоците сами по себе многу говорат, во текот на изминатата година се наплатени приходи во висина од над 2 милијарди евра и тоа е за 105 милиони евра повеќе од истиот период претходно. Тоа не е случајно, тоа е резултат на принципиелна работа и раководење без калкулации на борба со сивата економија и корупцијата и на јасна политичка определба, истакна Мицкоски.

Мицкоски рече дека со оваа влада парите завршуваат кај граѓаните а не во нечии џебови како во минатото.

Точно знаеме што значат овие бројки. Со ваквиот пристап на Царинската управа ќе има повеќе пари за плати, пензии, училишта, болници, за патишта… и за иднината на нашите деца. Тие пари до вчера завршуваа во сивата економија, а денес се враќаат кај народот, додава Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Илија Андовски привремен администратор на „Алта банка“ АД Битола

Тројца вработени во Народната банка – Илија Андовски, Весна Стојчевска и Марија Тодоровска, се именувани за администратори во „Алта банка“ АД Битола, со што управувањето со банката преминува во рацете на централната банка. Андовски е посебно овластен да ги потпишува одлуките што ќе се носат во периодот на привремената администрација.

Средба на Сиљановска-Давкова со Копман од ЕК: Потребно е забрзување на евроинтеграцијата во услови на блокади

Претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова во рамки на работната посета на Брисел денеска оствари средба со Герт Јан Копман, генерален директор на Генералниот директорат за проширување и источно соседство (DG ENEST) на Европската комисија.

To top