Македонија

Мицкоски: Како трет мобилен оператор „Фор-ај-џи (4iG)“ ќе инвестира 100 милиони евра, ќе се намалат цените на услугите!

„Денот во Давос го започнавме со состанок со сопственикот на компанијата „Фор-ај-џи (4iG)“, компанија која што ја доби дозволата за третиот мобилен оператор во Македонија. Разговаравме за неговите планови, откако ги упати парите, што се потребни за добивање на лиценцата. Тој ме информираше дека во следниот период ќе инвестира повеќе од 100 милиони евра во развој како трет мобилен оператор. Граѓаните добиваат нова компанија, што ќе нуди мобилни услуги и  којашто, сигурен сум, ќе влијае позитивно за  намалување на цените на услугите кои, што мобилните оператори ги нудат за граѓаните во Македонија.“ – изјави премиерот Христијан Мицкоски.

„Продолжуваме со нашиот престој во Давос, во текот на денешниот ден имаме бројни средби. Истото ќе се случува во текот на утрешниот ден.“ – посочи Мицкоски.

 

 

 

Најнови вести од: Македонија

ФЕРО ИНВЕСТ втора година по ред поддржува меѓународна медицинска едукација во Скопје

Еминентни професори и медицински експерти од Европа и САД учествуваа на Регионалната школа за срцева слабост, која придонесува за развојот на македонската кардиологија и нејзиното позиционирање на европската мапа на стручни едукативни настани.

To top