Македонија

Мицкоски: Ќе нема енергетска криза, подготвени сме и работиме тоа да не се случи

Премиерот Христијан Мицкоски денеска увери дека нема опасност од енергетска криза или недостиг на гас поради санкциите на САД и ЕУ кон Русија, нагласувајќи дека Владата е подготвена и работи на спречување на такви проблеми.

vmro-dpmne.org.mk/

Премиерот Христијан Мицкоски денеска увери дека нема опасност од енергетска криза или недостиг на гас поради санкциите на САД и ЕУ кон Русија, нагласувајќи дека Владата е подготвена и работи на спречување на такви проблеми. На новинарско прашање, тој потсети дека за време на неодамнешните ремонтни активности на гасоводот, потпишани од претходната влада, снабдувањето не било прекинато, а топланите работеле. „Не, нема да има криза, подготвени сме. Ова го предвидовме и работиме заеднички за да не се случи. Не треба да ја оптоваруваме јавноста со такви детали“, изјави Мицкоски, додавајќи дека Владата координира мерки за енергетска стабилност.

Најнови вести од: Македонија

Унгарскиот премиер Маѓар ја пречека Сиљановска-Давкова во Будимпешта

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, престојува во официјална посета на Будимпешта, каде што присуствува на високите државни и културни манифестации по повод одбележувањето на јубилејната 70-годишнина од Унгарската револуција од 1956 година

To top