Македонија

Мицкоски: Народот ги памети триковите и предавствата на СДС

Ги паметиме сите нивни изјави од минатото, нивните предавства, нивните лаги

И додека ние се бориме за чесна и успешна Македонија, гледаме за што се борат нашите противници. Гледаме дека нашите противници повторно се обидуваат со трикови и празни декларации да го измамат народот. Најавуваат некакви „црвени линии“ за Бугарија, но во суштина знаеме што вредат и колку вредат и колку траат нивните декларации. Но она што уште не можам да разберам е на кого му праќаат сигнал? На кого се заложници? До кога ќе трае нивниот аранжман?, посочи Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на промоцијата на кандидати за градоначалници која се одржа во Штип.

„Народот не е наивен. Народот добро ги памети. Ги паметиме сите нивни изјави од минатото, нивните предавства, нивните лаги. И токму затоа, овој пат ќе има казна уште поголема казна на овие избори споредено со претходните“, изјави Мицкоски.

Според Мицкоски, нивните црвени линии како што вели „вакви или такви, препознатливи или непрепознатливи нема да дозволам да се црвени линии кои ќе отсликаат контури на ново предавство во иднина, ако им се дозволи да го реализираат нивниот план“.

Мицкоски укажа дека логично се поставуваат прашања како зошто пред избори оваа тема ја наметнуваат, за кого работат, до кога ќе им трае ангажманот.

„Повторувам и не знам и се чудам на што се надеваат, до кого го испраќаат овој сигнал. Но нашиот народ покажал низ вековите дека е мудар, добро памети до пред само една година каква власт имаше СДСМ и ДУИ и што направи. Ги памети и оние траги-комични изјави за македонската жица која свири во душата на нивниот поранешен премиер и сегашен гуру, ги памети и изјавите дека Уставот нема да се менува и ветувањата кои ги даваше додека сите овие сега кои се во раководството му ракоплескаа. Сега таа иста екипа нуди резолуција која и самите знаеме дека и таква каква што е нема да ја почитуваат“, заклучи Мицкоски.

Мицкоски заклучи поради оваа ароганција и поради многу други работи таа партија и тие луѓе мора жестоко да се казнат на овие избори.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top