Македонија

Мицкоски: Нема да има данок за немажени и неженети

Се извинувам на тие што погрешно ја продолкувале мојата иницијатива. Факт е дека сум исклучително загрижен за демографската состојба во државата

Се разбира дека нема да има данок за немажени и неженети, изјави претседателот на владата, Христијан Мицкоски.

Се извинувам на тие што погрешно ја продолкувале мојата иницијатива. Факт е дека сум исклучително загрижен за демографската состојба во државата. И факт е дека како претседател на владата, моја е одговорноста да бидам загрижен за демографската иднина на мојата татковина, затоа што јас сум претседател на владата кој што исклучително длабоко се занимава со демографијата и демографските движења. Она кое што можам да го заклучам е дека ние тивко исчезнуваме и изумираме, истакна Мицкоски.

Тоа не смее да помине незабележано, додава Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Илија Андовски привремен администратор на „Алта банка“ АД Битола

Тројца вработени во Народната банка – Илија Андовски, Весна Стојчевска и Марија Тодоровска, се именувани за администратори во „Алта банка“ АД Битола, со што управувањето со банката преминува во рацете на централната банка. Андовски е посебно овластен да ги потпишува одлуките што ќе се носат во периодот на привремената администрација.

Средба на Сиљановска-Давкова со Копман од ЕК: Потребно е забрзување на евроинтеграцијата во услови на блокади

Претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова во рамки на работната посета на Брисел денеска оствари средба со Герт Јан Копман, генерален директор на Генералниот директорат за проширување и источно соседство (DG ENEST) на Европската комисија.

To top