Македонија

Мицкоски: Резултатите од локалните избори ќе покажат чии политики се исправни

СДСМ си има своја реторика, си има своја политичка комуникација. Јас не би ја коментирал да почекаме до 19 октомври, 20 часот ќе ги слушнат резултатите и сè ќе биде јасно

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски рече дека резултатите на локалните избори во октомври годинава ќе покажат чија политичка реторика е исправна по изборот на кандидати за градоначалници. Ова беше негов одговор на критиките од страна на СДСМ, кои денеска на прес-конференција обвинија дека кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, работи во интерес на партијата, а не на граѓаните.

– СДСМ си има своја реторика, си има своја политичка комуникација. Јас не би ја коментирал да почекаме до 19 октомври, 20 часот ќе ги слушнат резултатите и сè ќе биде јасно, истакна Мицкоски.

Тој дополни дека добил информации од Собранието дека локалните избори ќе бидат распишани на 7/8 август, а првиот круг би требало да биде на 19 октомври 2025 година.

Најнови вести од: Македонија

Илија Андовски привремен администратор на „Алта банка“ АД Битола

Тројца вработени во Народната банка – Илија Андовски, Весна Стојчевска и Марија Тодоровска, се именувани за администратори во „Алта банка“ АД Битола, со што управувањето со банката преминува во рацете на централната банка. Андовски е посебно овластен да ги потпишува одлуките што ќе се носат во периодот на привремената администрација.

Средба на Сиљановска-Давкова со Копман од ЕК: Потребно е забрзување на евроинтеграцијата во услови на блокади

Претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова во рамки на работната посета на Брисел денеска оствари средба со Герт Јан Копман, генерален директор на Генералниот директорат за проширување и источно соседство (DG ENEST) на Европската комисија.

To top