Македонија

Мицкоски за обвинувањата на Арсовска: Државата има институции, ги повикувам да постапуваат

Државата има институции, нека постапуваат – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски повикувајќи ги надлежните да постапат во врска со случајот со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, која вчера беше физички нападната во скопски Чаир за време на увид на дивоградба. Па, видете, државата има институции, јас ги повикувам институциите да постапуваат за случајот. Што се […]

Државата има институции, нека постапуваат – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски повикувајќи ги надлежните да постапат во врска со случајот со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, која вчера беше физички нападната во скопски Чаир за време на увид на дивоградба.

Па, видете, државата има институции, јас ги повикувам институциите да постапуваат за случајот. Што се однесува до градоначалничката на Скопје, многу работи се кажани, не би имал што да додадам“, одговори Премиерот Христијан Мицкоски на новинарско прашање по пуштањето во употреба на целосната санација на Музејот на вода во Заливот на Коските во Охрид.

Најнови вести од: Македонија

Илија Андовски привремен администратор на „Алта банка“ АД Битола

Тројца вработени во Народната банка – Илија Андовски, Весна Стојчевска и Марија Тодоровска, се именувани за администратори во „Алта банка“ АД Битола, со што управувањето со банката преминува во рацете на централната банка. Андовски е посебно овластен да ги потпишува одлуките што ќе се носат во периодот на привремената администрација.

Средба на Сиљановска-Давкова со Копман од ЕК: Потребно е забрзување на евроинтеграцијата во услови на блокади

Претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова во рамки на работната посета на Брисел денеска оствари средба со Герт Јан Копман, генерален директор на Генералниот директорат за проширување и источно соседство (DG ENEST) на Европската комисија.

To top