Македонија

Милошоски вели дека немамаме луксуз за брзоплети решенија во надворешната политика

Наместо отворање на преговори добивме вето по преспанскиот, францускиот…

Идните чекори во надворешната политика мора да бидат преземани внимателно и со јасни гаранции со цел реален напредок кон ЕУ – истакна Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, на вчерашното гостување во дебатната емисија „Анализа” на телевизија 24.

„Токму последиците од Преспанскиот договор и добиеното вето од страна на Франција, а потоа и од Бугарија, коешто не беше најавувано од СДСМ, напротив имавме кампања за бесплатно здравство, отворени врати кон ЕУ, бесплатни вакцини, стипенди итн., на крајот, после тој референдум на којшто дојдоа и германската канцеларка Меркел, австрискиот канцелар, британската канцеларка, тогаш Велика Британија беше членка на ЕУ – наместо отворање на преговори добивме вето – рече Милошоски.

„ Поучени од ова разочарување и од ова брзоплето прифаќање на такви обврски и потоа нестигнување до целта и до доаѓање до едно разочарување во целото општество, сметаме дека не треба да се продолжи на истиот брзоплет начин по однос на преземените обврски од страна на Ковачевски и Бујар Османи кон соседна Бугарија – рече Милошоски.

Најнови вести од: Македонија

За ДУИ Македонија не е унитарна, туку „мултиетничка држава“, во која Албанците се „половина од реалноста“ и „така мора да се претставува“ на Самитот на НАТО?!

„Претставување без Албанци не е претставување на државата. Државата не е праведно претставена кога половина од нејзината реалност е изоставена.“ – наведува ДУИ во своето денешно соопштение во врска со учеството на државната делегација на Република Македонија на Самитот на НАТО, кој се одржува во Турција и создаде дилема: која „половина од нејзината реалност е изоставена“? Ако ДУИ таа „половина од реалноста“ ја поврзува со Албанците, тогаш треба да се има предвид дека овој етникум во структурата на населението на Македонија учествува, според пописот од 2021 година со 24,30 отсто, што значи само со една четвртина, а не со 50 проценти.

Стефаноски: СДСМ тоне и се обидуваат да пресметаат со секого, кој ќе ја каже вистината за нивната катастрофа!

„СДСМ од очај преминаа во фрустрација. Врхушката безобѕирно се пресметува со секој, што ќе ја каже вистината за катастрофалните состојби во партијата.“ – нагласува политичкиот аналитичар Милан Стефаноски, осврнувајќи се на внатрешните битки и напади врз до вчера видни членови на партијата на Венко Филипче (читај Заев), во емисијата „За или против“ на ТВ Алфа.

To top