Македонија

Министерство за финансии: „Стоп“ за измамите на финансиските друштва за кредити со „нула камата“!

Министерството за финансии на Република Македонија во реализиран надѕор врз работењето на финансиските друштва  констатира одредени измамнички трговски практики, кои се однесуваат, меѓу другото,  на рекламирањето на финансиските услуги и други дејстваа од финансиските друштва, спротивно на Законот за заштита на потрошувачите. „При надзорот констатирани се рекламирања со 0% камата, иако во договорот за кредит биле предвидени други дополнителни трошоци!“ – соопшти ова министерство денес.

Натаму Министерството за финансии наведува: Исто така, констатирани се неправилности коишто се однесуваат на рекламирање на финансиски услуги под брендови без да се наведе финансиското друштво коешто ја нуди конкретната услуга, потоа користење повеќе веб-страници од исто финансиско друштво, како и користење назив на друштвото во деловните простории, различен од називот утврден во дозволата за работа на финансиското друштво.

На сите финансиски друштва, кај кои се утврдени неправилности, наложено им е да ги отстранат сите реклами и натписи во деловните простории, што би можеле да ги доведат граѓаните во заблуда. Во спротивно Министерството за финансии ќе ги преземе расположливите мерки, со цел да се заштитат граѓаните како корисници на финансиските услуги.

Заради усогласување со законските одредби, финансиските друштва се должни да го користат исклучиво називот согласно со дозволата за работа, издадена од Министерството за финансии, како и користење една веб-страница, што ќе укажува јасно, за кое финансиско друштво станува збор. Согласно со Законот за заштита на потрошувачите одредена трговска практика се смета како измамничка, ако во содржината изостануваат битни информации, кои му се потребни на потрошувачот, за да донесе правилна одлука, соопшти денес ресорното министерство.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): 25 години СОС Детско село – четврт век поддршка што менува животи

Под слоганот „Менуваме животи“, СОС Детско село одбележа 25 години постоење и работа во Македонија со јубилеен настан во Македонскиот народен театар, под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Признание за квалитет и гостопримство: „Limak Skopje Luxury Hotel“ е најдобар сместувачки капацитет за 2026 година

Добриот хотел е многу повеќе од адреса на која се престојува. Тој е место што го дефинира првиот впечаток за еден град, простор за деловни средби и одмор, но и место што остава трага долго по заминувањето. Токму затоа наградата „Најдобар сместувачки капацитет за 2026 година“ има посебно значење за Limak Skopje Luxury Hotel.

Сиљановска-Давкова очекува ново поглавје со Грција со bona fide политика

Грчкиот амбасадор најавил грчка поддршка на македонскиот пат кон ЕУ, информирајќи дека проширувањето на Унијата со земјите од Западен Балкан ќе биде приоритет на грчката агенда за време на претседавањето

To top