Македонија

Министерството за дигитална трансформација наскоро ќе ја исфрли хартијата од работењето

Ова е еден од трите најважни системи во министерството за дигитална трансформација и генерално во државата поради поефикасната администрација, транспарентност како и помалку бирократија. Корупцијата пак ќе биле сведена на минимум.

Модернизација на националниот електронски систем за управување на документи, амбициите на министерот Стефан Андоновски се да до крајот на годината еДМС биде функционален, безбеден, и интегриран систем што ќе им овозможи на граѓаните побрз и полесен начин за добивање документи кои автоматизирано ќе бидат обработувани и процесот на изработка да може да се следи во реално време.

Системот, кој беше користен само од 20 институции, се покажал нестабилен, несоодветен и без соодветна техничка поддршка и сајбер безбедносни стандарди.

  • Кога ја презедовме одговорноста за системот, затекнавме состојба која не одговара на потребите ниту на граѓаните, ниту на институциите. Станува збор за прескап, но дисфункционален систем кој се користи во само 20 институции. Во последните две години немало техничка поддршка, одржување или развој. Не постоеле стандарди за сајбер безбедност и никој не се грижел за безбедноста на системот. Честите прекини и падови го правеле системот нестабилен. Тој се користел исклучиво како електронска писарница, без примена на архивирање или дигитална обработка на документи, појасни Андоновски.

По преземањето на одговорноста за системот, министерството ги презелo првите конкретни мерки, вклучително и донесување нов закон за архивско работење по европски стандарди и спроведување пенетрациски тестови за безбедност.

  • Во изминатите месеци преземавме конкретни мерки. Прво, донесовме закон за архивско работење во согласност со стандардите на Европската унија, кој обврзува администрацијата да работи електронски. За прв пат спроведовме пенетрациски тест на EDMS системот за да ги откриеме и адресираме безбедносните слабости. Утрово ги добивме првичните информации, кои укажуваат на критични забелешки, но тие во голема мера се резултат на неправилно одржување во изминатиот период, истакна Андоновски.

Нагласи дека имаат цел до крајот на годината, еДМС да биде целосно функционален, безбеден и интегриран систем, со автоматизирана обработка на документи и можност за следење на предмети во реално време, а најави и дека од 1 октомври 2025 година, министерството целосно ќе ги исфрли хартиените документи од своето работење.

Планираме, рече Андоновски, и вклучување на нови институции, министерства, агенции и јавни претпријатија и дека во моментот има најави од пет нови. Нагласи дека на граѓаните ќе им биде овозможено да го следат статусот на своите предмети во реално време и дека системот ќе обезбеди целосна електронска обработка, автоматизирано создавање решенија, известувања и сертификати со електронски потписи и печати.

За државата, ова ќе значи усогласување со стандардите на ЕУ и реформската агенда, која предвидува воведување единствен систем за управување со документи во сите државни институции до 2028 година, согласно законот за архивско работење.

Најнови вести од: Македонија

Македонската култура во фокусот на 35. Меѓународен саем на книгата во Абу Даби

Во рамки на програмата „Балканска култура – почесен гостин“, Македонија на посетителите им претставува дел од своето богато и повеќеслојно културно наследство, како и современата книжевна продукција

Модернизиран команден центар, „Безбеден град“ ставен во функција во Велес

Новиот команден центар е сместен во целосно реконструирани и реновирани простории кои во минатото биле користени од Министерството за одбрана, а потоа околу 15 до 20 години не биле во употреба. Со нивното ставање во функција, СВР Велес добива современ простор од кој се реализираат активностите поврзани со системот „Безбеден град“

Крст во чест на 63-те жртви од „Пулс“ поставен на влезот во Кочани

Овој крст ќе нè потсетува и на болката и трагедијата што се случи овде во нашиот град. На повредените нека им подари здравје, сила и поткрепа да закрепнат и дај Боже постојано да останеме во заедница, во љубов со Бога, со силата на крстот

СДСМ бара истрага за 5,5 милиони евра за прославата

Пет милиони евра народни пари кога ќе се потрошат, граѓаните мора да знаат секој денар, секое евро каде завршило. Владата мора да ги објави договорите, анексите, фактурите, банкарските исплати, примателите, изведувачите, добавувачите и пресметаните даночни обврски

Мицкоски: Потврдувањето на кредитниот рејтинг од страна на „Фич“ е уште една лоша вест за опозицијата

​Три години водат кампања дека секоја година само што не сме банкротирале, буџетот бил без пари, економијата назадувала и така натаму. ​Одговорите стигаат од сите страни, од Светска банка, од Меѓународниот монетарен фонд, еве и од сега од реномирани кредитни агенции како што е „Фич“

To top