Македонија

Дигитализација на Уставниот суд: Нова сала и технологија за ефикасност

Уставниот суд на Република Македонија официјално започна процес на целосна дигитализација

ustavensud.mk

Уставниот суд на Република Македонија официјално започна процес на целосна дигитализација, со цел зголемување на ефикасноста, транспарентноста и пристапноста кон јавноста. Проектот беше промовиран денеска за време на билатерална средба со делегација на Уставниот суд на Република Турција, предводена од претседателот Кадир Озкаја.

На свеченото отворање на новата сала за седници, претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски ја презентираше новата технолошка опрема, донирана од Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), со техничка имплементација од Македонски Телеком. „Новите технолошки решенија ќе овозможат модерни и безбедни услови за работа, одржување хибридни состаноци со интегрирана аудио и видео конференциска опрема, симултан превод, безбедна cloud платформа со повеќекратна автентикација, алатки за онлајн соработка, снимање и автоматско транскрибирање на седници, електронско гласање, архива, аналитика и можност за пренос во живо на социјални мрежи“, рече Костадиновски.

Средбата опфати и разговори за регионални прашања, вклучително подготовките за Форумот на уставните судови од Балканот, кој ќе се одржи во ноември во Анталија, како и споделување искуства за уставно-судската контрола преку уставна жалба. Претседателот Озкаја истакна дека континуираната соработка меѓу двата суда ќе го зајакне владеењето на правото и заштитата на човековите права во регионот.

Делегацијата ќе има работен ручек со претседателот на Собранието, Африм Гаши, и ќе ги посети Меморијалниот центар „Коџаџик“, спомен-куќата на Али Риза (таткото на Мустафа Кемал Ататурк), Старата скопска чаршија, Шарената џамија во Тетово, џамијата Али Паша во Охрид и античкиот град Хераклеа Линкестис во Битола.

Уставниот суд и ТИКА имаат долгогодишна соработка, вклучително донација на компјутери и печатачи во февруари минатата година. На промоцијата присуствуваа потпретседателот на ТИКА, Махмуд Чевик, и координаторот на канцеларијата на ТИКА во Скопје, Шенса Бабајигит.

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

Милошоски: Македонија е добро позиционирана и кон САД, но и кон ЕУ

Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери

Граѓани бараат враќање на сонцето од Кутлеш на споменикот „Судени за Македонија“

Сонцето од Кутлеш од споменикот беше избрусено во ноември 2022 година, четири години по потпишувањето на Преспанскиот договор кога Македонија презеде обврска дека ќе ја спроведе забраната за употреба на 16-кракото сонце

Сиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство

На средбата со унгарскиот колега, Андреш Бака, Сиљановска-Давкова се заблагодарила за принципиелната и гласна поддршка од Унгарија на македонските евроинтеграции и нејзиниот активен ангажман во рамките на „Вишеградската група“

To top