Македонија

Мисајловски: И наши компании да се вклучат во развој на воената индустрија

Секоја земја го прави тоа. Отвораат свои фабрики, инвестираат во свои фабрики

Би било добро дел од средствата од Буџетот што се одвојуваат за одбрана да може да добиваат и македонски компании со развој на воена индустрија, истакна министерот за одбрана Владо Мисајловски во ТВ гостување. Министерот ги повика експерите и пратениците да придонесат за развој на оваа идеја.

„ Веќе има неколку компании. Од утре почнуваме да се гледаме со компании на оваа тема и тие да дадат инпут како ова да го направиме за да видиме дали тие средства да останат тука. Секоја земја го прави тоа. Отвораат свои фабрики, инвестираат во свои фабрики. Мислам дека и ние натаму треба да гледаме – рече министерот за одбрана.

Тој посочи дека стигнува многу опрема како и сите возила, меѓу нив и страјкерите  што до крајот на месецот ќе бидат ставени во употреба, а за хелихоптерите Леонардо рече дека до крајот на годината треба да стигнат два, а во наредните години сите осум. Стигнати се и дел од мистрал системите.

Она што дополнително секој граѓанин треба да го знае е дека 16 нови договори потпишавме со САД за различен вид на опрема. Тука има беспилотни летала, софтвери, решенија… ќе унапредуваме многу зависно колку ќе имаме средства во буџетот. Се ќе биде за Армијата. Дел е модернизација, дел човековите ресурси, плата итн, дел за инфраструктура“, рече Мисајловски.

Мисајловски синоќа изјави дека ние сме безбедна и стабилна држава без ризици, како и дека следува период на модернизација и унапредување на Армијата.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): 25 години СОС Детско село – четврт век поддршка што менува животи

Под слоганот „Менуваме животи“, СОС Детско село одбележа 25 години постоење и работа во Македонија со јубилеен настан во Македонскиот народен театар, под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Признание за квалитет и гостопримство: „Limak Skopje Luxury Hotel“ е најдобар сместувачки капацитет за 2026 година

Добриот хотел е многу повеќе од адреса на која се престојува. Тој е место што го дефинира првиот впечаток за еден град, простор за деловни средби и одмор, но и место што остава трага долго по заминувањето. Токму затоа наградата „Најдобар сместувачки капацитет за 2026 година“ има посебно значење за Limak Skopje Luxury Hotel.

Сиљановска-Давкова очекува ново поглавје со Грција со bona fide политика

Грчкиот амбасадор најавил грчка поддршка на македонскиот пат кон ЕУ, информирајќи дека проширувањето на Унијата со земјите од Западен Балкан ќе биде приоритет на грчката агенда за време на претседавањето

To top