Македонија

Денеска во Анкара почнува дводневниот самит на НАТО

Лидерите ќе разговараат за иднината на Алијансата

Во турската престолнина Анкара денеска почнува дводневниот самит на НАТО, на кој ќе учествува и претседателката Гордана Силјановска-Давкова.

Претседателката утре ќе учествува на Состанокот на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на држави и влади, кој ќе се одржи во претседателскиот комплекс „Бештепе“. Таа ја предводи македонската делегација, во чиј состав се министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, како и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски.

Покрај учеството на состанокот, македонската претседателка ќе има и повеќе билатерални средби. Активностите почнуваат вечерва со свечена вечера приредена од претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, во чест на шефовите на држави и влади.

На самитот ќе присуствуваат лидерите од 32-те земји-членки на НАТО, вклучително американскиот претседател Доналд Трамп, францускиот претседател Емануел Макрон, британскиот премиер Кир Стармер, германскиот канцелар Фридрих Мерц и други.

Самитот ќе се фокусира на спроведување на одлуките за зголемување на инвестициите во одбраната, зајакнување на капацитетите за одвраќање и одбрана, како и на идните стратешки цели на Алијансата. Ќе се разговара и за заканите и предизвиците со кои се соочува евроатлантскиот регион, вклучително и војната во Украина.

На крајот на самитот се очекува усвојување на завршна декларација. Според нацртот, сојузниците ќе ја потврдат „непоколебливата посветеност“ на колективната одбрана според членот 5 од Северноатлантскиот договор.

На маргините на самитот ќе се одржи и Форум на одбранбената индустрија на НАТО, на кој ќе учествува министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Најнови вести од: Македонија

Никовски: Оваа власт не дозволува да нѐ плукаат и не коленичи! Покажа дека не можат со нас да си играат како што сакаат и да нѐ манипулираат!

-Новата власт направи, да не речам револуционерни промени, го промени вокабуларот, престана да дозволува да не плукаат, да коленичи и прстана да дозволува да не полнат со кнедли кои ги голтаме, престана да го прави тоа и мора да и се симне капа. Тоа е дури една револуционерна промена. Значи, ги постави поинаку работите и покажа дека не сме една аморфна маса, покажа дека не можат со нас да си играат како што сакаат и да не манипулираат. И тоа е резултат кој заслужува почит, изјави поранешниот амбасадор, колумнист и писател Ристо Никовски во емисијата „За македонските работи“ на ТВ Алфа.

Ибрахими: Ахмети ја „продава“ како национална преродба победата во Брвеница, но таа е под правна власт на РМ како и сите општини со албанско мнозинство!

„Општина Брвеница доби претседател-Албанец, но лидерот на ДУИ Али Ахмети ја продава оваа победа како национална преродба! Брвеница е навистина албанска, но е под надлежност и правна власт на Република Македонија, исто како и сите други општини со албанско мнозинство. Според Уставот, Македонија е унитарна и централизирана држава, каде што суверен народ се Македонците. Додека Албанците, според овој Устав и ‘националните заслуги’ на Али Ахмети Ахмети остануваат народ од втор ред.“ – изнесува на својот фејсбук-профил Орхан Ибрахими. Тој е сега еден од основачите и лидерите на политичкото движење „Арберија“, кое дејствува во рамки на владината членка коалицијата „Вреди“.

Министерство за транспорт: ДУИ и СДСМ ги уништија Mакедонски железници транспорт и инфраструктура, ЈО да постапи по ревизорските извештаи

Сметаме дека врз основа на аномалиите кои се нотирани во извештајот и клучните проблеми кои биле игнорирани од претходните раководства, јавните претпријатија биле доведени на раб на пропаст и нивно целосно уништување

Најнови вести

To top