Преку набавка на нови возила за потребите на здравството, Царината, комуналните служби, „Македонска пошта“, полицијата и Армијата, Владата инвестира во модернизација на институциите објави премиерот Христијан Мицкоски на својот фејсбук-профил.
Владата инвестира во модернизација на институциите преку набавка на нови возила за потребите на здравството, Царината, комуналните служби, „Македонска пошта“, полицијата и Армијата – објави премиерот Христијан Мицкоски на својот фејсбук-профил.
Како што наведува Мицкоски, предвидени се 100 нови амбулантни возила за македонското здравство, 26 специјализирани возила за модернизација на Царината со поддршка од Европската Унија и 65 мултифункционални комунални возила.
Покрај тоа, планирани се 100 нови возила за потребите на „Македонска пошта“, 120 за македонската полиција и 124 возила за потребите на Армијата.
-„Како Влада, инвестираме во модернизација на институциите, подобри јавни услуги и поголема безбедност за сите граѓани. Се грижиме за потребите на граѓаните и градиме посилна, поефикасна и современа држава“ – наведува Мицкоски во објавата.