Македонија

Мицкоски: Истрагата ќе се прошири, има посредник близок до претходната влада

Обвинителството најави дека за четворицата осомничени ќе побара мерка притвор.

Управата за финансиска полиција, во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, спроведе акција во која се лишени од слобода повеќе лица осомничени за злоупотреби при јавна набавка во Царинската управа.

Меѓу приведените е и Стефан Богоев, поранешен директор на Царинската управа и поранешен градоначалник на Општина Карпош. Во акцијата се опфатени и неколку вработени во Царинската управа, како и едно лице кое, според премиерот Христијан Мицкоски, било „многу блиско до претходната влада“ и делувало како посредник во незаконски активности.

Премиерот Мицкоски на денешната прес-конференција потврди дека истрагата се однесува на сериозни финансиски малверзации и корупција, при што на одредена фирма ѝ била овозможена противправна корист од над 18 милиони денари.

„Во постапката се опфатени неколку вработени во таа институција, како и едно лице кое било многу блиско до претходната влада и често ги олеснувало дејствијата кои изобилуваат со многу незаконитости, или народски кажано – посредник“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека истрагата ќе продолжи и ќе се прошири и на други институции, поради индикации за злоупотреби содржани во ревизорските извештаи.

Од Финансиската полиција соопштија дека акцијата е резултат на предистражна постапка за кривични дела од областа на финансискиот криминал и корупцијата, при што осомничените го искористиле своето влијание и службена положба за стекнување противправна имотна корист од големи размери.

Обвинителството најави дека за четворицата осомничени ќе побара мерка притвор.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top