Македонија

Мицкоски му фрли ракавица на СДСМ: Во секое време сме подготвени да ги победиме

Нема да бегаме кукавички од избори, ѝ порача премиерот на најголемата опозициска партија

Претседателот на Владата и на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, му фрли ракавица на СДСМ во однос на можноста за предвремени парламентарни избори.

„Мојот став и ставот на оваа Влада е познат во јавноста, а тоа е дека ние добивме мандат од граѓаните за 4 години и мандатот завршува во пролетта 2028 година. Сѐ уште имаме техничка влада, што значи дека крајот на мандатот на оваа политичка влада би требало да биде некаде околу крајот на 2027 година. Што може да нѐ предомисли? Логично е опозицијата да сака да биде влада. Зошто? Затоа што мисли дека е подобра од оваа Влада. Ако опозицијата побара предвремени парламентарни избори, тогаш ние секогаш како Влада сме договорени да седнеме на една лидерска средба, да договориме термин и да одиме на предвремени парламентарни избори. Нема да бегаме, се разбира. Затоа јас велам — нашиот мандат е за 4 години и за толку сме добиле поддршка од граѓаните да испорачаме реформи. Но, доколку имаме фрлена ракавица од страна на опозицијата, нормално е, нема да бегаме кукавички од избори — напротив, ние сме подготвени во секое време да излеземе и да ги победиме“, изјави Мицкоски во „Тема на денот“ на ТВ Сител.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат

Проширувањето не е само политичко и економско прашање, туку и безбедносно, особено во време на геополитички тензии коишто се закана за мирот во Европа

(Фото): Лукровски во Охрид ја подигна наградата „Младински пријателски град“

Пораката од форумот беше дека квалитетната младинска работа и функционалните младински центри се клучни за враќање на довербата на младите во институциите и создавање услови тие својата иднина да ја градат во сопствените општини.

(Фото): Средба Николоски-Сивањанам: Потврда на стратешкото партнерство, силни инвестиции со поддршка на Велика Британија

Двајцата говорници ја потврдија заедничката заложба за продолжување и интензивирање на соработката и натамошно унапредување на стратешкото партнерство во интерес на двете земји.

To top