Македонија

Мицкоски на средбата во Владата со амбасадорите од ЕУ: Реформската агенда не е план на хартија, туку дава конкретни резултати!

Премиерот Христијан Мицкоски информира дека на денешната средба во Владата со амбасадорите на Европската Унија се разговарало за напредокот и следните чекори во спроведувањето на реформската агенда.

Мицкоски дека реформите веќе не се само план на хартија, туку даваат конкретни и мерливи резултати. – Реформската агенда повеќе не е само план на хартија, таа дава конкретни, мерливи резултати – наведе Мицкоски.

Според него, во изминатиот период е забрзано спроведувањето на реформите во клучните области, при што дел од мерките се веќе реализирани, а други се движат побрзо од предвиденото. Премиерот посочи дека напредокот е резултат на силна политичка посветеност, подобрена институционална координација и фокус на резултати.


Во јавните финансии, како што нагласи, се работи на зајакнување на отчетноста и транспарентноста, со подобрено управување со ризиците и построги контроли врз јавната потрошувачка. – Јавните средства се управуваат поодговорно и поефикасно – порача Мицкоски.

Тој додаде дека реформите се дел од поширока трансформација која ја приближува економијата кон Единствениот пазар на Европската Унија и придонесува за зајакнување на институциите во согласност со европските стандарди. Мицкоски нагласи дека државата останува целосно усогласена со Европската Унија, на политички, економски и стратешки план.

Најнови вести од: Македонија

Ѓорѓиевски: Скопје ја памети цената на слободата и нема да ги заборави оние што ги дадоа животите

Потсети дека на денешен ден, по неколкудневни тешки борби со фашистичкиот окупатор, борците од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија и 16-та македонска бригада го ослободиле Скопје

Мицкоски: Новите измените на Кривичниот законик нема да важат ретроактивно

Ја обвини поранешната влада на СДСМ и ДУИ дека со претходните измени на законите, донесени по скратена постапка и со европско знаменце, имала намера да се заштити од одговорност за криминал

Мицкоски: СДСМ и ДУИ си скроија закон за да се себеамнестираат од сторените криминали

Имаа двојна цел. Првично да се себеамнестираат од сторените криминали, за кои што постојат основани сомненија, додека тие беа Влада и второ, мислеа дека на тој начин на некои поранешни структури од ВМРО-ДПМНЕ ќе им овозможат политичка амнестија

To top