Македонија

Мицкоски: Протестирачите-идни правници, ги прекршија законите за знамиња, за државната химна, Уставот! Имаше и надворешни мешања во внатрешните работи на РМ!

Премиерот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски изјави дека го поддржува правото на протест, но оцени дека на протестот во Скопје, на кој се бараше правосудниот испит да може да се полага и на албански јазик, биле прекршувани закони и Уставот. „Поддржувам протести секогаш, тоа е демократско право да се поддржат протести. Но, мене лично ми пречитоа што протестантите, коишто практично се правници, коишто се борат за право, го прекршуваат законот, да речеме законот за знамињата. Законот за државната химна, Уставот и така натаму.“ – нагласи премиерот.

Мицкоски рече дека нема да ги коментира навредите и инцидентите што се случиле за време на протестот.  „Ајде, навредите нема да ги коментирам, тоа е сепак домашно воспитување што во првите 7 години од животот се стекнува, нема да го коментирам ни оној инцидент насилен, којшто се случи“, укажа тој.

Премиерот спомена и, како што рече, „надворешни мешања“ во внатрешните работи на Македонија. „Нема ни да ги коментирам ни надворешните мешања во внатрешните работи на Македонија на некои надворешни фактори, тоа сѐ ќе го оставиме како фолклор“, рече Мицкоски.

Тој посочи дека Владата работи на „трајно решение“ за ова прашање. „Она коешто ние како влада во моментов го работиме е да се обезбеди трајно решение со коешто овој, но и низа други проблеми коишто ги наследивме од минатото, ќе бидат решени“, кажа премиерот.

Мицкоски ја нападна и ДУИ, истакнувајќи дека како партија имала 20години време да ги реши овие прашања, но наместо тоа, решавала „лични прашања“. „Го осудувам однесувањето на опозициската  Демократска унија за интеграција, бидејќи тие имаа можност 20 години да ги решат овие прашања, но ништо не направија, ама затоа решија многу лични прашања“, рече тој. 

Во продолжение, Мицкоски додаде: „Ако ја споредите имотната состојба, ќе видите како од голтари се станува милионери, на грбот на националните пароли и на грбот на луѓето коишто мака мачат како од први до први да го поминат месецот“.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top