Тема: премиер на Македонија Христијан Мицкоски

Пленковиќ: Спорот со Бугарија е главна пречка во евроинтегрирањето на Македонија! Хрватска ќе помогне да се надмине!

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ оцени дека Македонија бележи напредок во исполнувањето на критериумите за членство во Европската Унија, но нагласи дека спорот со Бугарија и натаму останува главна пречка во евроинтегративниот процес. На заедничката прес-конференција во Охрид со премиерот Христијан Мицкоски Пленковиќ изјави дека по изборите во Бугарија се очекуваат првите конкретни чекори и контакти меѓу Скопје и Софија. 

Мицкоски за спорот со Бугарија: Стратегиска цел ни е ЕУ, но нема повеќе идентитетски отстапки, колкава и да е цената!

Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција со хрватскиот колега Андреј Пленковиќ, кој е во посета на Македонија, истакна дека нашата стратегиска цел е да бидеме дел од Европската Унија. „Но, нема повеќе можности за идентитетски отстапки, за чекор назад кога станува збор за нашите национални одредници, колкава и да е за тоа цена. Ако тоа е цената што треба да ја платиме, и покрај тоа што сме вистинскиот предводник, пред другите, додека е оваа Влада, таа е подготвена да ја плати таа цена. Ако навистина билатералните процеси треба да му судат на нашиот европски пат, тогаш ќе се бориме на друг начин.“ – нагласи Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање.

Мицкоски: Протестирачите-идни правници, ги прекршија законите за знамиња, за државната химна, Уставот! Имаше и надворешни мешања во внатрешните работи на РМ!

Премиерот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски изјави дека го поддржува правото на протест, но оцени дека на протестот во Скопје, на кој се бараше правосудниот испит да може да се полага и на албански јазик, биле прекршувани закони и Уставот. „Поддржувам протести секогаш, тоа е демократско право да се поддржат протести. Но, мене лично ми пречитоа што протестантите, коишто практично се правници, коишто се борат за право, го прекршуваат законот, да речеме законот за знамињата. Законот за државната химна, Уставот и така натаму.“ – нагласи премиерот.

Николовски: Царинската управа поднесе 332 кривични пријави против 761 физички и 254 правни лица, ветуваме уште пожестока борба со криминалот!

Нашата улога не е само да контролираме, туку да заштитиме, да спречиме и да покажеме дека законот важи еднакво за сите. Компаниите што работат законски мора да имаат сигурност и предвидливост. Нашата улога е да обезбедиме услови во кои чесното работење е предност, а за нелојалната конкуренција нема простор. За криминалот нема да има место онаму каде што од петни жили секој ден се трудиме да градиме силна институција. Промените во системот бараат време, но и одлучност – изјави денеска директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, на настан  по повод 34 години постоење на оваа институција.

Мицкоски: Повторното воспоставување линија Скопје – Будимпешта e значаен чекор кон подобрување на регионалната поврзаност, економската соработка и развојот на туризмот

Повторното воспоставување на линија Скопје – Будимпешта претставува значаен чекор кон подобрување на регионалната поврзаност, економската соработка и развојот на туризмот, објави премиерот Христијан Мицкоски по пристигнувањето во Будимпешта, каде, како што е најавено, ќе престојува во политичко-економска посета на Унгарија. -Дополнително, македонските граѓани можат слободно да патуваат, што значително ќе ја олесни мобилноста, ќе поттикне културна размена. Ваквите иницијативи се важен чекор кон зајакнување на меѓународната соработка и приближување кон европските стандарди – објави Мицкоски на Фејсбук.

Мицкоски: Претходната влада водеше канабис-економска политика, ова никогаш нема повеќе да се повтори во Македонија

Оваа Влада се обидува да најде начин да го задржи достоинството на македонските граѓани и да го придвижи евроинтеграцискиот процес напред, а за разлика од претходната влада, која водеше канабис економска политика, ги расчистува работите, десетици тони канабис веќе се запленети и се чекаат судските процеси – порача денеска премиерот Христијан Мицкоски во одговор на прашања од независниот пратеник Скендер Реџепи.

Мицкоски: Пролетва состанок со претседателот на Турција Ердоган во Скопје – Ќе се засилат заемните односи

„Убеден сум дека како наш стратегиски партнер Турција ќе овозможи слободен пристап на македонските компании на турскиот пазар, оти дел од постојните пречки ќе бидат многу скоро избришани и македонските производители, посебно во земјоделието, фармацијата и во останатите гранки ќе може да најдат свое место на турскиот пазар.“ – рече премиерот Христијан Мицкоски.

To top