Македонија

Мицкоски со Гренел: Стратешките односи со САД се темелот на нашата стабилност и економски развој

Мицкоски истакнува дека со Гренел имал плодна средба и одлична дискусија

Стратешките односи со САД се темелот на нашата стабилност и економски развој, порача премиерот Христијан Мицкоски по денешната средба во Минхен со Ричард Гренел, специјален пратеник на претседателот на САД Доналд Трамп за специјални мисии.

Мицкоски истакнува дека со Гренел имал плодна средба и одлична дискусија.

-САД остануваат нашиот најголем поддржувач и стратешки партнер. Во време на глобални предизвици, зајакнувањето на ова партнерство е од клучно значење за нашата национална безбедност и економски напредок. Градиме партнерство базирано на взаемна почит, економска соработка и заедничка посветеност на мирот и стабилноста, напиша Мицкоски во објава на Фејсбук.

На вториот ден од 62-та Минхенска безбедносна конференција Мицкоски оствари средби со холандскиот премиер, Дик Схоф, со Џаред Коен, претседател за глобални прашања и ко-раководител на Глобалниот институт Голдман Сакс и со Тед Дојч од Американско-еврејскиот комитет.

Најнови вести од: Македонија

Винарската визба „Тиквеш“ го одбележува Св. Трифун во знакот на одржливоста и иновациите во винската индустрија

Винарската визба „Тиквеш“ годинава го одбележува празникот на лозарите и винарите, Свети Трифун, почитувајќи ја традицијата и фокусирајќи се на иновациите и зелената технологија, кои се неопходни за да се создадат врвни вина и да се оствари успех на динамичниот и конкурентен вински пазар.

To top