Македонија

Мицкоски за одлуката на ОЈОГОКК за прекин на постапката за мазутот: Очекувам преразгледување на случајот, а јавноста знае каков обвинител е Ислам Абази!

„Вчера најпрвин со неверување ја слушнав таа вест. Бев бев шокиран од тоа што го слушнав. Добро е што АД ЕСМ ќе вложи жалба, кога ќе ја добие одлуката и очекувам дека случајот повторно ќе биде вратен на преразгледување и на повторна анализа. Зашто, ако тоа не се случи тоа, тогаш обвинителството ја губи конечно својата доверливост!Јавноста знае каков обвинител е Ислам Абази.“ –  истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање околу тоа што Обвинителството ја прекина истрагата за набавка на мазут – случај во кој беа обвинети Васко Ковачевски од СДСМ, Ратко Капушевски, Асмир Јахоски и уште 11 лица.

Мицкоски информираше дека во текот на вчерашниот ден имал разговор со новиот јавен обвинител Ненад Савески на оваа тема. „Тој ме информираше дека не бил известен за оваа одлука на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, кое го води Ислам Абази. Претпоставувам дека случајот ќе биде преразгледан и вратен на повторно анализирање по вложената жалба на АД ЕСМ.“ – изјави премиерот.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Преносот на останките на Цар Самоил го коментирам преку Бледскиот договор, со кој во Скопје беа донесени посмртните останки на Гоце Делчев

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во врска предавањето на посмртните останки што се идентификуваат со Цар Самоил, од Грција во Бугарија, се осврна на Бледскиот договор, посочувајќи на историскиот контекст по капитулацијата на фашистичка Бугарија во Втората светска војна и на пренесувањето на моштите на Гоце Делчев во Скопје.

Палангурски: Нема ДНК-анализа и Бугарија не знае со сигурност дали се од Самоил коските, што ќе ги добие!

Бугарија не направи ДНК-анализа на посмртните останки што ќе бидат донесени во Бугарија за да се потврди дали му припаѓаат на цар Самуил, а целата акција не беше добро подготвена, ниту пак е направен каталог и студија за артефактите што ќе ѝ бидат вратени на Грција – рече историчарот проф. Милко Палангурски од Трновскиот Универзитет во емисијата „Здраво, Бугарија“ на бугарската Нова.тв.

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни повеќе од седум милиони евра

Во Општина Струмица преку Министерството за транспорт во тек е реализација на инфраструктурни проекти во вредност од над седум милиони евра, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на средба со градоначалникот Петар Јанков, општинската администрација и пратениците Ели Панова и Жан Дрвошанов.

Албанскиот национален симбол – двоглавиот орел повторно поставен на Кораб, македонското знаме отстрането!

Двоглавиот албански орел повторно е поставен на врвот Кораб, додека македонското знаме, кое во меѓувреме било поставено на локацијата, е отстрането, објави порталот на албански јазик „Коха“. Порталот објави и снимки од локацијата, наведувајќи дека симболот бил вратен откако пред неколку дена бил отстранет.

Најнови вести

To top