Македонија

Мицкоски зачуден од молкот на СДСМ за градоначалникот на Гостивар

Премиерот Христијан Мицкоски денеска остро возврати на обвинувањата од СДСМ во врска со случајот со загадената вода во Гостивар, посочувајќи дека опозициската партија намерно го премолчува градоначалникот на општината, кого самата го поддржала на локалните избори

Премиерот Христијан Мицкоски денеска остро возврати на обвинувањата од СДСМ во врска со случајот со загадената вода во Гостивар, посочувајќи дека опозициската партија намерно го премолчува градоначалникот на општината, кого самата го поддржала на локалните избори.

„Јас сум зачуден зошто првоповиканиот во случајот, а тоа е градоначалникот на општина Гостивар, никако не можете да го сретнете во соопштенијата на СДСМ. Кога велам зачуден, тоа го кажувам, иронично, бидејќи нормално е дека истата оваа политичка партија нема да го спомене него, бидејќи таа го поддржа на локалните избори во Гостивар“, рече Мицкоски.

Премиерот инсистираше да се објави официјалниот извештај и анализата според кои водата во Гостивар е безбедна за пиење. Во врска со кривичните пријави што СДСМ ги поднесе против министерот за здравство и директорите на Институтот и Центарот за јавно здравје, како и на Здравствениот и санитарен инспекторат, Мицкоски изјави дека тоа е демократско право на секоја политичка партија.

„Но, јас сум зачуден зошто, да речеме, за првоповиканиот во случајот, а тоа е градоначалникот на општина Гостивар, никако не можете да го сретнете во соопштенијата на СДСМ. Кога велам зачуден, тоа го кажувам, се разбира, иронично, бидејќи нормално е дека истата оваа политичка партија нема да го спомене него, бидејќи таа го поддржа на локалните избори во Гостивар. А сите знаат дека надлежност и право во случајот има општинското јавно комунално претпријатие. Обвинителството, заедно со Министерството за внатрешни работи, веќе обезбеди три лица и, колку што сум информиран, истрагата е сè уште во тек, не е затворена. Така што, мислам дека истрагата може да придонесе да имаме и други коишто, исто така, би биле вплеткани во овој случај, односно за коишто обвинителството или МВР во текот на истрагата ќе констатираат дека имаат некаков удел и учество во сето ова“, истакна Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по посетата на населеното место Идризово во општина Гази Баба.

Тој се појави зачуден и од тоа зошто истите социјалдемократи во минатото не реагирале по допрен глас за неквалитет на водата во Гостивар и во други општини, како Прилеп и Крушево, ниту поднеле кривични пријави против тогашните директори и министри.

„Зошто против нив не поднесоа? Бидејќи тие ништо не презеле, оваа Влада презема. Првиот момент кога доби таков извештај, презема. Направи една робусна акција, го прочисти системот и повторно го врати во владение на општина Гостивар и во рацете на комуналното претпријатие коешто ја дава оваа услуга. Мислам дека им е погрешна таа стратегија, но во ред, тие си знаат најдобро, јас нема да им кажувам што е добро, што е лошо“, додаде Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова на Самитот на ЕПЗ во Даблин: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан

„Секое одложување на поврзувањето е пропуштена можност. Секоја одложена инвестиција има економска последица. И секоја политичка цел има цена којашто не ја плаќаат институциите, туку граѓаните“

(Видео): Филипче лаже за Алта банка – немало забрана за работа во ЕУ за банката, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Портпаролот на партијата, Валентин Манасиевски, на прес-конференција го обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, дека шири невистини за банката и за нејзиниот сопственик Давор Мацура.

(Видео): СДСМ поднесе кривична пријава за Трајко Славески – бара да му се воведат мерки на претпазливост

СДСМ бара мерки на претпазливост за Трајко Славески и за останатите лица, вклучително привремена забрана за вршење должности на сите инволвирани, за, како што рече Димитријевиќ, да се спречи влијание врз сведоците и можно уништување на документацијата.

Стојаноски: СДСМ бега од вистината за Алта банка, бараме итно продолжување на надѕорната расправа

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски денеска изјави дека СДСМ одбива да свика продолжение на надѕорната расправа за Алта банка, по вчерашните случувања на седницата.

Порибено Преспанското Езеро со речиси 7 илјади млади крапови

Порибувањето е спроведено од страна на регистрираното мрестилиште „Акватика“ од Неготино за чија реализација се обезбедени 500.000 денари од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2026 година.

„Н.М.“: Пукнатините во ЕУ се сè подлабоки! Каква доверба во неа да има Македонија, кога чека со години пред нејзините врати?!

Европа сè поретко е на главните маси на кои се носат важните геополитички одлуки, а сè почесто е во улога на набљудувач, коментатор или спореден учесник на настаните. Земјите- членки на ЕУ ја користат секоја можност пред донесувањето на заедничките одлуки да се осврнат на своите национални потреби како приоритетни, дури и кога станува збор за интереси на целата Унија. Во ЕУ се редат закани со блокади, финансиски условувања и национални калкулации. Каква доверба во таква Европа треба да имаат земјите кандидати, што со години чекаат пред нејзините врати? – ова се истакнува во анализата со наслов „Пукнатините во ЕУ сè повеќе се продлабочуваат! “, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

Савески: Јавното обвинителство ќе постапува по секоја кривична пријава поврзана со Алта банка!

„Ќе мора и надлежниот обвинител да ги провери наводите и да преземе соодветни истражни дејства.“ – истакнува државниот јавен обвинител Ненад Савески во интервјуто за емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, кое ќе се емитува вечерва во 21:30 часот.

To top