Македонија

Мицковски: Умираме од нашето ѓубре (ВИДЕО)

Ова труење кое не си го правиме само преку воздух, туку и преку водите и почвата, од тоа што го јадеме и пиеме, затоа што тие депонии испуштаат тешки токсични и канцерогени отрови и најчесто се на плодна почва, блиску до води или домови, се има претворено во сериозен и можеби најголем убиец на народот

Депонијата во Радовиш гори веќе неколку дена, а надлежните институции и понатаму преземаат мерки за ставање на пожарот под контрола и спречување на неговото ширење.

Градоначалникот на Радовиш и командант на кризниот штаб, Љупче Почивалец, во консултација со лекарите од Центарот за јавно здравје-Штип, на Фејсбук апелира граѓаните да избегнуваат непотребен престој на отворено и да ги ограничат движењата, особено во периодите кога чадот од депонијата е најинтензивен.

Новинарот Ивор Мицсковски со свој коментар за случајот кој се граничи со елементарна непогода:
Депонијата во Радовиш гори 5 дена и не може да се угаси.
Луѓето живееат еколошка драма, мора да се затворат дома, да не пуштаат клима или отворат прозор, да носат маски, децата не смеат надвор или во школски двор.
Ова труење кое не си го правиме само преку воздух, туку и преку водите и почвата, од тоа што го јадеме и пиеме, затоа што тие депонии испуштаат тешки токсични и канцерогени отрови и најчесто се на плодна почва, блиску до води или домови, се има претворено во сериозен и можеби најголем убиец на народот.
Се разбира луѓето тоа го гледаат и го осеќаат, но никој не сака да измери, да потврди, затоа што потоа ќе мора да најде чаре и решение.
Умираме од нашето ѓубре, се труеме, наместо од него да правиме пари и да си продолжиме живот.
И ова е тежок бизнис, тешко куроболие, но и голем интерес, кога и понатаму кај сме полни диви депонии, само диви, пошто немаме недиви, туку и плус увезуваме отпад.
Тешки лудаци сме…

Најнови вести од: Македонија

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

Национален дата центар е обврска од реформската агенда

Македонија веќе има дата цента во Прилеп. Но, тој не е основен, туку секундарен што значи во случај на евентуален сајбер напад на системот на поединечна институција, таму се чуваат податоците кај секундарниот. Сега секоја институција наоѓа начин како ќе ги чува своите податоци

To top