Македонија

Млад Словак тргна во потрага по врски со својата македонска прабаба

Сликата која ја поседува е стара околу 100 години

Доминик Цветанов кој за себе вели дека е Словак преку социјалните мрежи се обидува да дојде во контакт со некој кој има информации за неговата пра-пра баба Горица.

Доминик има 26 години замолува доколку има некој што го познава семејството на Горица Савчева да го контактира.

,,Добар ден. Не знам каде да го напишам ова. Јас сум Словак. Мојата пра-прабаба беше од село ИЖИШТЕ. Нејзиното име беше ГОРИЦА САВЧЕВА. Роденa во 1892 година. Ве молам, ако ја познавате или сте семејство, Ве молам пишете. Ви благодарам ❤️”, пишува Доминик Цветанов.

Според објавената фотографија и годината на раѓање на прабабата на Доминик, Горица Савчева имала околу 30 години во дваесетите години на 20 век.

Селото Ижиште се наоѓа во близина на Македонски Брод.

Најнови вести од: Македонија

Повеќе инциденти во Скопје во последното деноноќие: Напад врз полицајци пред дискотека во Карпош

Нарушување на јавниот ред, напад врз полицајци, грабеж, физички напад со остар предмет и приведувања за дрога – повеќе инциденти се регистрирани во Скопје во изминатото деноноќие.

To top