Македонија

Млада девојка од Македонија пронајдена почината во Солун

Истрагата за случајот продолжува, а се проверуваат сите околности поврзани со нејзината смрт.

Млада девојка од Македонија е пронајдена почината во стан во областа Неаполи во Солун, објавуваат грчките медиуми.

Според информациите, нејзиното семејство неколку дена не можело да стапи во контакт со неа, по што близок роднина заминал до станот во кој престојувала. Таму ја пронашол без знаци на живот и веднаш ги известил грчката полиција и надлежните служби.

Според првичните информации објавени од грчкиот портал Thestival.gr, досегашните наоди упатуваат дека смртта најверојатно настапила како последица на болест или природен процес во организмот. При извршената обдукција, засега не се пронајдени траги што би укажувале на кривично дело.

Надлежните ги очекуваат резултатите од токсиколошките анализи, кои треба да ја утврдат точната причина за смртта.

Грчките медиуми наведуваат дека девојката, која имала потекло од Македонија, претходно била пријавена за исчезната. Според неофицијални информации, таа била од Прилеп.

Истрагата за случајот продолжува, а се проверуваат сите околности поврзани со нејзината смрт.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top