Македонија

МОН започнува со посети на универзитетите низ земјава

Целта на посетите е да се отвори директен дијалог со академската заедница и да се слушнат сите забелешки, предлози и сугестии во однос на законското решение, најави министерката Јаневска

Министерството за образование и наука (МОН) од денеска започнува со посети на универзитетите низ земјава во рамки на јавната расправа за новиот Закон за високо образование.

Како што најави министерката за образование и наука, Весна Јаневска, целта на посетите е да се отвори директен дијалог со академската заедница и да се слушнат сите забелешки, предлози и сугестии во однос на законското решение.

Од Министерство за образование и наука информираат дека ќе бидат организирани средби на кои ќе можат да присуствуваат сите професори кои сакаат активно да учествуваат во јавната расправа. На овие состаноци ќе се дискутира за спорните членови од предлог-законот, со можност за аргументирана дебата и размена на ставови.

Јаневска потенцира дека намерата на МОН е процесот да биде транспарентен и инклузивен, со цел да се дојде до законско решение што ќе придонесе за унапредување на квалитетот на високото образование и ќе ги земе предвид потребите на универзитетите, професорите и студентите.

Посетите ќе опфатат повеќе државни и приватни универзитети, а по завршувањето на јавната расправа се очекува финализирање на текстот на Законот за високо образование, кој потоа ќе биде доставен во собраниска процедура.

Ристова Астеруд го ,,поткопа” предлог Законот за високо образование

Најнови вести од: Македонија

Ѓорѓиевски: Скопје ја памети цената на слободата и нема да ги заборави оние што ги дадоа животите

Потсети дека на денешен ден, по неколкудневни тешки борби со фашистичкиот окупатор, борците од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија и 16-та македонска бригада го ослободиле Скопје

Мицкоски: Новите измените на Кривичниот законик нема да важат ретроактивно

Ја обвини поранешната влада на СДСМ и ДУИ дека со претходните измени на законите, донесени по скратена постапка и со европско знаменце, имала намера да се заштити од одговорност за криминал

Мицкоски: СДСМ и ДУИ си скроија закон за да се себеамнестираат од сторените криминали

Имаа двојна цел. Првично да се себеамнестираат од сторените криминали, за кои што постојат основани сомненија, додека тие беа Влада и второ, мислеа дека на тој начин на некои поранешни структури од ВМРО-ДПМНЕ ќе им овозможат политичка амнестија

To top