Македонија

Муцунски денеска во Лондон ќе ја потпише Декларацијата за стратешко партнерство со Обединетото Кралство

Оваа декларација има за цел да ги зајакне стратешките билатерални односи меѓу двете земји

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вчера и денес престојува во повеќедневна посета на Лондон, Обединетото Кралство.

Во рамки на посетата, денес ќе оствари средба со државниот секретар за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Дејвид Лами.

По средбата, предвидено е да биде потпишана Заедничка декларација за стратешко партнерство помеѓу Република Македонија и Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.

Оваа декларација има за цел да ги зајакне стратешките билатерални односи меѓу двете земји, вклучително и соработката во областа на надворешната политика, безбедноста и одбраната, особено во рамките на НАТО, правдата и внатрешните работи, борбата против тешкиот и организираниот криминал, справувањето со корупцијата и незаконските финансиски текови, како и економскиот раст.

Целта на посетата е интензивирање на севкупните билатерални односи преку зајакнување на политичкиот дијалог и продлабочување на економската соработка меѓу двете земји.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова: 11 Октомври е неизбришлив спомен и вечен завет за чување и развој на татковината

Идеја водилка на востанието пред 85 години, како народен отпор беше вековниот стремеж за слободна македонска држава. Востанието прерасна во Народноослободителна борба, низ која, со крв, саможртва и непоколебливост на знајни и незнајни јунаци, се трасираше патот кон АСНОМ

11 Октомври – симбол на слободата и борбата на македонскиот народ

Ден на кој продолжија слободарските традиции на македонскиот народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, Кресненското и во Илинденското востание кои врвот го достигнуваат со одлуките на Првото заседание на АСНОМ во 1944 година.

To top